Меѓународниот олимписки комитет ги оправдува апсењата и тепањето на ЛГБТ активистите во Русија

Меѓународниот олимписки комитет ги оправдува апсењата и тепањето на ЛГБТ активистите во Русија

И покрај апсењата, претепувањата и заканите за сексуално насилство врз активистите кои беа приведени минатиот викенд, Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека властите во Русија делувале според законите.

 

Откако минатиот петок започна оддржувањто Зимските Олимписки Игри во Сочи, руската полиција уапси шеесет и еден активист. Дваесет и четири од нив беа уапсени поради тоа што приредиле про-геј протести. Дел од нив кои беа уапсени во Москва изјавија дека додека биле во притвор биле тепани од страна на полицијата.

 

Меѓутоа, Меѓународниот олимписки комитет ги оправдува апсењата. Комитетот соопшти дека Русија делувала во согласност со своите закони кога привела четиринаесет активисти во Москва и Санкт Петерзбург за време на церемонијата на отварањето на Олимписките Игри.

 

Баз Фид ја цитираше Емануел Моро, раководителката на одделот за односи со медиумите на комитетот, која изјавила: „Разбравме дека демонстрантите ќе бидат наскоро ослободени. Како и во многу земји во светот, во Русија е потребно да имате дозвола за да приредите протест. Разбираме дека ова е причината зошто тие биле приведени“.

 

Според Њујорк Тајмс, минатиот петок во Санкт Петерзбург биле уапсени четири ЛГБТ активисти, меѓу кои имало и бремена жена, во моментот кога држеле транспарент на кој бил цитиран шестиот принцип на Олимпискиот чартер во кој вели: „Дискриминацијата е некомпатибилна со Олимпиското движење“.

 

Уште една група составена од деветнаесет руски и меѓународни ЛГБТ активисти биле уапсени во Москва во близина на Црвениот плоштад. Тие ја пееле националната химна и развеале знаме со бои на винижитото. Полцијата набрзо пристигнала и веднаш го спорела протестот. Двајца шведски граѓани биле набрзо ослободени, но останатите биле задржани неколку часа за време на кои биле удирани, давени и биле под постојани закани.

 

Во Налчик биле упасена уште една протестна група. Оваа група протетирала во името на Черкезите чија родна земја се наоѓа во близина на Сочи и која пред сто педесети години била окупирана од руските сили.

 

Извор: Gay Star News