Индија: Сексуалните работници/чки ќе протестират против зголеменото насилство врз жените

Индија: Сексуалните работници/чки ќе протестират против зголеменото насилство врз жените

Минатата среда во Калкута започна шестдневна конференција на која учесниците со обрзаа да протестираат против насилството, особено против сексуалните напади врз жените.

 

„Жените во минатото беа жртви на секаков вид на насилство. Но, од неодмна бројот на сексуалните напади врз жените во Западен Бенгал и во целата земја е зголемен. Ние ги осудуваме таквите дејства и се обидуваме да изградиме синергија помеѓу различните делови на општеството, вклучувајќи ги и сексуалните работници/чки, за да протестираме против ваквите дејства“ – за Д’ Хинду изјави Барти Деј, генералната секретарка на колективот на сексуални работници/чки Комитетот Дурбар Махила Саманвеј.

 

Сексуалните работници/чки планираат да учествуваат во дискусиите за проблемите кои ја засегаат нивната благосостојба, како и оние поврзани со трговијата со малолетници и пензии за постарите сексуални работници/чки.

 

„Движењето на сексуалните работници/чки стана успешно, затоа што тие начија да се препознаваат себе си како „работници“, како што тоа го прават луѓето од која било друга професија. Тие денеска се интегрирани во поголеми кампањи каква што е Pension Parishad“ – вели Самарјит Јана, советничка на Дурбар Махила Саманвеј комитетот.

 

„Иако постои зголемена побарувачка за пензии за работниците од неорганизираниот сектор, сексуалните работници/чки се тие на кои пензијата им е најмногу потребна поради тоа што нивниот работен век е многу краток“, изјави активистката Пурнима Чикармане, додавајќи дека дека со оваа конференција ќе се подигне свесноста за ова прашање. Активистите потенцираа дека по одредена старост, сексуалните работници/чки се оставени на милоста на другите инволвирани во професијата. Прашањата за инфатицидот на женските бебиња, пренаталното одредување на полот, и бракот помеѓу деца ќе бидат теми за кои исто така ќе се дискутира на конференцијата.

 

Посоебен фокус ќе биде ставен на прашања поврзани со здравјето, а особено превенцијата на болести како СИДА, соопштија организаторите.

 

Темата на овогодишната конференција, за која се очекува дека ќе привлече дванаесет илјади претставници, е Pratibade Nari Partirode Nari (женски протест, женска превенција).

 

Извор The Hindu