30 Jan Претседателот на Уганда нема да го потпише анти-геј законот без доказ дека луѓето не се раѓаат геј
Кампала, Уганда – Минатиот петок претседателот на Уганда Јовери Мусевини изјави дека нема да го потпише контроверзниот Закон против хомосексуалноста, доколку не добие научен доказ дека хомосексуалноста е вродена состојба, а не нешто што се станува во текот на животот.
„Доколку не добијам потврдување од научниците дека оваа состојба не е генетска, туку поврзана со однесувањето, јас нема да го потпишам законот“ – изјавил Мусевини пред членовите на Движењето на националнит отпор, а пренесува Обзервер.
Мусевини, кој претходно во месецот го блокираше законот и ја прекори спикерката на парламентот Ребека Кадага поради тоа што не ги следела парламентарните процедури усвојувајќи го законот без кворум, повика да се оформи комисија која ќе ги достави доказите за време на партискиот ритрит кој треба да се одржи следниот месец.
Мусевини изјавил дека неговите ставови против законот биле под влијание на извештај доставен од страна на геј активисти со кои тој неодмана се сретнал. „Тој рекол дека овие активисти му рекле дека геј луѓето се раѓаат геј исто како што тоа се случува со албино луѓето“ – вели еден извор.
Обзервер пренел дека Мусевини „стопроцентно го поддржува законот, особено кога се работи за луѓе кои промовираат, регрутираат и ја поддржуваат хомосексуалноста, но се двоумел да го потпише законот доколку се него се казнуваат хомосексуалците“.
Законот кој беше воведен во процедура во 2009 предизвика глобално осудување и критицизам поради строгите казни и криминализацијата на истополвите сексуални односи.
Според законот, секој кој ќе биде суден за хомосексуалност ќе се казнува со доживотна затворска казна, а истата казна следува и за оние кои ќе бидат осудени за поддржување на ЛГБТ луѓето.
Во својата изворна форма законот беше нарекуван „Смрт за геј луѓето закон“ поради тоа што вклучуваше смртна казна за т.н. „влошена хомосексуалност“ – односно консезуални истополови сексуални акти помеѓу повторени прекршители, оние кои се на позиција на моќ, оние кои се ХИВ позитивни или употребуваат опојни супстанции, како на пример алккохол, за време на процесот.
Извор: LGBTQ nation