Подобро е да се прогласи примирје во војната против дрогите

Подобро е да се прогласи примирје во војната против дрогите

Пишува: Пол Томас

 

Дали ова е почетокот на крајот на војната против дрогите? Уругвај донесе одлука да ја легализира марихуаната. Колорадо и Вашингтон го направија истиот чекор. А минатата недела Барак Обама стана првиот американски претседател кој се оттргна од прохобиционистичката ортодоксност.

 

„Сметам дека пушењето трева е лоша навика и порок, не многу поразличен од цигарите кои ги пушев во текот на долг период од мојот живот“ – вели тој. „Не мислам дека е поопасно од пиењето алкохол“.

 

„Важно е“, додаде тој, „легализацијата на марихуана во овие две држави да успее“.

 

Ова беше многу битна изјава која доаѓа од врховниот командант во глобалната војна против дрогата и првиот жител на земјата која има ненаситен апетит за рекреациони дроги што го оддржува пазарот кој се пресметува дека вреди половина трилион долари на годишно ниво.

 

Подеднакво значаен беше и фидбекот- односно неговото отсуство. Немаше лавина од реакции во кои се бараше оставка на Обама или одлуки на Конгресот за да се започне процедура за импичмент. Напротив, тишината значи прифаќање. Затишената реакција сугерира дека политичкиот естаблишмент во САД или се согласува со неговите забелешки или пак разбира дека дека прашањето не е црно-бело како што порано се инсистираше.

 

Веројатно реалноста конечно започнува да гризе.

 

Во споредба со реакцијата од пред две години кога Дон Браш се заложи за декриминализација на марихуаната, со исклучок на зелените, негодувањето дојде од сите страни на политичкиот спектар. Премиерот мораше да каже: „Прашајте ги родителите дали сакаат нивните деца да пушат џојнт пред на одат на школо“.

 

Веќе долго време сметам дека прохибицијата е поразителна, крајно штетна и деструктивно контрапродуктивна во свесното незнаење кое генерира идни генерации кои на ова прашање ќе гледаат со зачуденост и неверување. Во тој контекст, би сакал да мислам дека во не толку далечната иднина, Џон Кеј со каење ќе се присети на својот коментар.

 

Беше навистина безначајно од нашиот интелигентен, елоквентен и, според меѓународните стандарди, умерен премиер, затоа што ја стесни дебата на шететниот исказ дека ставањето на марихуаната на исто ниво како и алкохолот и тутунот ќе доведе до ситуација во која новозеландските деца ќе дуваат трева додека си ги ја ставаат завршената домашна задача во школските торби.

 

Голем број на луѓе тврдеа дека со декриминализацијата на хомосексуалноста, која се случи во 1986-та, ќе се предизвика колапс на цивилизацијата. Некои се уште веруваат во тоа, иако воопшто нема докази дека децата се втурнуваат во геј секс пред да одат на школо.

 

Кеј продолжи: „Нема место за дрогите во нашите училишта“. Всушност има многу повеќе места каде што таа е присутна, тој не мора да оди многу подалеку од влезната врата на неговиот дом.

 

Не се работи за дрогите во општеството. Тие секогаш ќе бидат со нас, затоа што човештвото има апетит за супстанции кои го менуваат расположението, апетит кој никогаш нема да се изгуби. Ова е прашање се однесува на тоа како ќе ја контролираме набавката и дистрибуцијата и како ќе се справиме со корисниците на дрога со цел да ги намалите трошоците на полицијата и правниот систем, социјалните и финасиските давачки и човечкото страдање.

 

Прохибиционистите ја оттфрлаат секоја споредба со алкохолот и тутунот, поради тоа што тие се легални, а марихуната не, и за нив тоа е крајот на приказната.

 

Тоа препоставува дека законите за дроги се древни и запишани на камен, што не е точно.

 

Голем број на луѓе кои се сметаат себе си за примерни граѓани го прекршуваат законот, без разлика дали се работи за прекршување на ограничувањето на брзината или за било што друго. Нивното оправдување е дека ваквите ваквите прекршоци се безопасни или пак дека законот не чини.

 

Вториот аргумент на прохибиоционистите се состои во прашањето за тоа доколку се земе предвид дека алкохолот и цигарите предизвикуваат шетата, зошто тогаш би легализирале трета штетна супстанција.

 

Овој аргумент покажува дека тие имаат разбирање за ефектите на постојните закони, но и незнаење за тоа колку употребата на дрога е широко распространета. Сметам дека поголемиот број на луѓе кои употребуваат дрога го прават тоа без разлика на фактот што е нелегално.

 

Се прашувам зошто политичките козервативци толку се држат до прохибицијата. Тие отсекогаш велеле дека се реалисти, дека го гледаат светот каков што е, а не каков што тие би сакал да биде, или дека донесуваат одлуки на основа на емпириски докази наместо врз основа на идеализам или доктрини.

 

Стив Ролс, постар политички аналитичар од Transform Drug Policy фондацијата, вели дека уругвајската одлука се базира на анализата на доказите дека војната против дрогите е неверојатно скапа, а не ја намалува достапноста на дрогата.

 

„Тие одлучија да бидат прагматични и да направат владата, наместо криминалиците, да го контролира пазарот на канабис“- вели тој.

 

Извор: NZ Herald