24 Jan Активист за геј права пронајден мртов во Баку
Баку- Истакнат активист за геј права во Азербејџан беше пронајден мртов во еден стан во Баку. Се смета дека извршил самоубиство.
Дваесет годишниот Иса Сахмарли ја предводеше групата Азас ЛГБТ (Free Lesbian, Gay, Bisexual, and Transgender).
Пријателите на Сахмарли изјавиле дека тој се обесил. Активистот кој јавно ја има сооштено својата сексуална ориентација оставил белешка на Фејсбук.
„Ве напуштам се вели“ – во белешката: „Господ да ве благослови. Оваа земја и овој свет не се за мене. Сега ќе бидам среќен. Кажете и на мајка ми дека многу ја сакав. Ве обвинувам сите за мојата смрт. Овој свет не е доволно колоритен за моите бои. Збогум.“
Општеството во Азербејџан, како и во многу други советски републики каде истополовите врски беа декриминализрани во деведесетите, е се уште генерално насилино кога станува збор за хомосексуалноста.
Извор: Rferl