23 Jan Нигерија: Демонстранти бараат забрзани пресуди и екзекуции на геј лица
Баучи, Нигерија – Илјадници демонстранти го каменуваа судот во северниот нигериски град Баучи, барајќи забрзани пресуди и екзекутирање на еднаесет геј мажи уапесени поради тоа што припаѓале на геј организации.
Службите за безбедност испукаа преупредувачки истрели со цел да ја растурат разулавената толпа за да обвинетите можат да се вратат во затвор. Судијата Ел-Јакабу Алију беше приморан итно да го затвори судот.
„Никој не смее да биде осуден на смрт додека тоа не биде потврдено од страна на судот“ – изјави Алију како одговор на повиците за егзекуција.
Минатата среда едниесетте обвинети беа изведени пред судот. Само тројци од нив беа во можност да дадат исказ пред да започнат немирите.
Нивните адвокати не беа во можност да побараат кауција, а останатите одбвинети не можeа да дадат искази. Се уште не е сигурно кога судењето повторно ќе продолжи.
Мината недела истиот суд осуди едно момче за содомија и јавно го камшикуваше со дваесет удари по што морал да плати парична казна. Судот соопштил дека му прогледал низ прсти поштедувајќи го од смртната казна со каменување поради тоа што пред многу години признал еден аскпект од содомијата и оттогаш немал хомосексуален однос.
Иако му било судено според исламските закони, неговата пресуда е прв случај да се осуди геј маж во Нигерија откако нигерискиот претседател го потпиша законот со кој хомосексуалноста построго ќе се казнува според кривичниот закон. Тој беше еден од дванаесетте мажи уапсени во Баучи минатата недела.
Законот за забрана на истополовиот брак кој претседателот Гудлак Џонатан го потпиша на 7-ми јануари резултираше со тренд на апсење на геј луѓе. Со законот се забрануваат сите геј организации, а за геј брак се предвидени казни до четиринаесет години затвор.
Сојузната држава Баучи поседува и западно-демократски кривичен закон и Шарија, или исламски закон, според кој содомијата може да се казнува со смртна казна, а судијата одлучува дали тоа ќе биде преку јавно каменување или преку смртоносна инјеција. Во триесет и шетте нигериски сојзуни држави исламскиот закон е имплеметиран на различно ниво. Половина од сто и шеесетте жители на земјата се муслимани, останата половина се христијани.
Законот беше строго осуден од меѓународната заедница.
Извор: LGBTQ nation