Нигериската полиција започна со прогонот на ЛГБТ луѓето во земјата

Нигериската полиција започна со прогонот на ЛГБТ луѓето во земјата

Само еден ден откако нигерискиот претседател Гудлак Џонатан потврди дека го потпишал новиот закон со кој се криминализираат истополовите врски и сите ЛГБТ организации во земјата, во северниот регион на земјата нигериската полиција приведе дузина мажи само поради тоа што се геј. Уапсените триесет и осум лица биле на листата од сто шеесет и осум лица за кои постојат потерници во сојузната држава Баучи. Според активисите за човекови права кои работат во земјата, полицијата ја составила листата преку измачување на четири геј мажи со цел да ги издадат имињата на другите геј лица.

 

Според извештајот на Асосиејтет Прес, порпаролот на Шариа комисијата во Баучи потврдил дека биле приведени единаесет лица под обвинението дека „припаѓаат на геј организација“, но негирал дека тие биле измачувани. Двајца активсити за човекови права изјавиле дека бројот на приведени лица е поголем и дека ќе следат уште приведувања. Целата акција се промовира преку лажната гласина дека владата на САД им дала двааест милиони долари на геј активситите во регионот за да го промовираат геј бракот.

 

Нигерија и досега имаше закони со кои геј сексот беше криминализиран, но со новите рестрикции, на нигерсиките власти се олеснува замочувањето на индивидуите и организациите кои работат на промената на односот кон дискриминацијата на ЛГБТ во лицата земјата. Дискриминацијата не е својствена само за Баучи, една од деветте сојузни држави во Нигерија, која до некој степен политички е уредена според исламски закони. Анти-геј ставовите се широко распространети помеѓу целата популација на земјата, подеднакво и кај припадниците и на христијанската и на исламската заедница. Деведесет и седум одсто од Нигеријците сметаат дека општеството треба да ја отфрли хомосексуалноста. Според виското ниво на популарноста на анти-геј ставовите во земјата, ЛГБТ лицата веќе подолго време се соочуваат со дискриминација и малтретирање. Стигмата исто така се однесува на лицата кои живеаат со ХИВ/СИДА.

 

Како што Рајт Винг Воч минатиот четврток ги предупреди своите читатели, поддршката на нигерискиот анти-геј закон не постои само во границите на Нигерија. Одредени американски активисти дадоа поддршка за нигериските рестриктивни закони, претпочитајќи ги со американските закони за ЛГБТ еднаквост. Католичкиот центар за семјство и човекови права соопшти дека со последните нигериски анти-геј мерки ќе се „заштител бракот“. Други америкаснки организации кои изразија поддршка за нигериските закони се Liberty Counsel’s Matt Barber, Pat Roberson, MassResistance, и Family Watch International’s Sharon Slater.

 

Извор: Wire