Објавен јануарскиот број на С-ВОРК

Објавен јануарскиот број на С-ВОРК

СТАР-СТАР го објави јануарскиот број на магазинот С-Ворк кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете овде. или кликнувајќи на сликата погоре.

 

Во новиот број ќе може да прочитате:

 

ЦРВЕНИТЕ ЧАДОРИ ЈА ПОКРИЈА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА – БАРАВМЕ ПОВЕЌЕ ПРАВА И ПОЧИТУВАЊЕ !!!
„Црвените чадори ја покрија централната скопска улица Македонија. Ги покрија и лицата на сексуалните работнички и на граѓанските активисти кои денеска со традиционален протестен марш бараа повеќе права и повеќе безбедност за мажите и жените кои живеат од продажба на секс“…

 

ТОРТУРА НЕ Е КУЛТУРА!
Како составен дел од кампањата Тортура не е Култура!!! по повод Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници – 17ти декември, се одржа и изложба со наслов Sex Work in Art. Изложбата се одржа на 16.12.2013 година, во Концепт37…

 

17-ТИ ДЕКЕМВРИ ПОКРАЈ МАРШОТ НА ЦРВЕНИТЕ ЧАДОРИ СЕ ОБЕЛЕЖУВАШЕ И ПРЕКУ РАЗЛИЧНИ НАСТАНИ НИЗ СВЕТОТ.
Здружението на сексуaлните работници од Словачка изработи кратко видео преку кое се пренесе пораката за СТОП на насилството врз нив…

 

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО ОТАВА ЈА КРИМИНАЛИЗИРА ПРОСТИТУЦИЈАТА?
Врховниот суд на Канада беше едногласен во однос на законите за проституција: овие закони направија повеќе штета отколку добро за сексуалните работници и секако ја направија сексуалната работа поопасна. Но од друга страна пак, сексуалните работници и нивните здруженија кои поддржуваат декриминализација издвојуваа значајна победа. Сепак, дебатата е далеку од завршена…