Индија: Активисти тврдат дека криминализацијата на хомосексуалноста ѝ штети на борбата против ХИВ-от

Индија: Активисти тврдат дека криминализацијата на хомосексуалноста ѝ штети на борбата против ХИВ-от

Индиски активисти за геј права и здравствени работници предупредуваат дека одлуката на Врховниот суд на Индија, со која се криминализираше хомосексуалноста, ќе влијае негативно на повеќегодишниот напредок во борбата против ХИВ-от со тоа што ќе ги маргинализира геј и трансродовите луѓе.

 

Тие велат дека ХИВ сервисите биле проширени и геј и трансродовите лица ги користеле откако во 2009 биле декриминализирни истополовите сексуални акти со што законот од колонијалниот период на Индија бил исфрлен од сила. Највисокиот суд во Индија повторно го воведе законот на 11-ти декември, велејќи дека е оваа промена зависи од законодавците во земјата, а не од судот.

 

Активистите стравуваат дека со оваа одлука геј и транродовите лица ќе бидат одвратени од барањето третман или советување, со што ќе се зголеми бројот на ХИВ инфекции. Индиските здравствени работници соопштија дека минатата година бројот на нови ХИВ инфекции кај возрасните лице паднал за 57 проценти во споредба со претходната деценија.

 

Со новиот закон хомосексуалоста се нарекува „неприроден прекршок“ кој се казнува со десет годишна затворска казна. Криминалното гонење се случувало многу ретко кога законот претходно бил во сила, но полицијата ги малтретирала луѓето и барала поткуп.

 

„Овој закон сите не направи криминалци“ – вели Лакшами Трипати, трансродов активист кој додаде дека законот ќе ги спречи луѓето да бараат медицинска помош и да ги користат услугите на клиниките за превенција или третман на ХИВ.

 

„Како можам да постетам ХИВ/СИДА клиника?“ – прашува Трипати: „доколку го направам тоа, можам да бидам затворен поради мојот животен стил кој го прекршува законот“.

 

Здравствените активисти велат дека пред законот да биде укинат во 2009, невладините организации кои воделе СИДА центри за интервенција биле под закана на полициски рации.

 

Во 2005, полицијата извршила рација на ХИВ центар во главниот град на Индија и го присилила да биде затворен, вели Шалеен Ракеш од Индиската ХИВ/СИДА алијанса.

 

„Ова се случи во Њу Делхи“ – вели тој: „ситуацијата во помалите градови и во руралните делови е уште полоша“.

 

УНАИДС соопшти дека бројот на организации кои нудат сервиси за ХИВ на геј и трансродови лица бил покачен на повеќе од 50 проценти кога хомосексуалноста била декриминализирана.

 

„По одлуката од 2009, видовме покачување на бројот на самостојни барања за медицински услуги или третман од страна на геј лица, бисексуалци и трансродови лица. Тие сметаа дека е безбедно да се направи тоа“ – вели Ашок Роу Кави од Humsafar Trust, група која работи со геј заедницата.

 

„Сега нашата најголема грижа е тоа што поради страв тие ќе започнат да не ги посетуваат медицинските центри“ – вели тој.

 

Повторното воведување на законот дојде откако геј лицата и лезбејките на светско ниво постигнаа значајни победи во своите барања за брачна еднаквост и други права. Истополовиот брак е правно признаен во осуманесет земји и во осуманесет сојузни држави во САД вклучувајќи го Дистриктот Колумбија.

 

Извор: LGBTQ nation