18 Dec Уганда: над дваесет тинеjџерки избркани од училиште поради „лејзбејство“
Едно средно училиште во Уганда избрка повеќе од дваесет ученички поради „лезбејство“. Иганга СС, училиштето во источна Уганда, соошти дека ученичките формирале друштво за „регрутација“ на хомосексуалци. Четири од избрканите ученички имаат само единаесет години.
Од страна на локалните медиуми се сугерира дека управата на училиштето се плашела дека училиштетот ќе биде под истрага за тоа како всушност девојките разбрале дека постојат лезбејки и не сакале родителите за тоа да бидат обвинети од страна на родителите.
Еден учител, кој ја потврди сторијата, рече дека девојките биле избркани при крајот на годината со цел да се избегне реакција од другите ученици.
„Понекогаш реакцијата на учениците е страшна кога од училиштето ќе избркате нивни соученици“ – изјави учителот за Уганда Обзервер.
Локалните медиуми сугерираат дека учениците оформиле „друштво“ во кое редовно се собирале за да дискутираат како да „убедат“ што повеќе ученици да практикуваат „лезбејски акти“. Се уште не се знае дали има вистина во оваа приказна .
Кога Геј Стар Њуз контактираше со управата на училиштето со цел да добијат потврда за сторијта, им беше кажано дека од училиштето нема повеќе да даваат коментари.
Том Килималијо, родител на ученик кој го посетува ова училиште, рече бркањето на девојките е катастрофано за нивната иднина и повика на интервенција од страна на владата.
„Бркањето на ученици е лошо“ -рече тој и додаде: „Децата се испраќаат на училиште за да бидат образовани. Доколку имаат негативни влијанија, најдоброто нешто кои може да се направи е да бидат пратени на советување и мониторинг, за да им се помогне да си го променат однесувањето или да им се даде поддршка за да се справат со ситуација во која се наоѓаат“.
Порано во месецот, поранешен политичар започна камапања за поддршка за одложениот „Убијте ги гејевите“ закон. Исто така, поранешен менаџер на националниот фудбалски тим на Уганда беше уапсен под сомнение за содомија. Додека Уганда во моментот ги казнува ЛГБТ луѓето со доживотна затворска казна, со новиот закон тие ќе се соочат со смртна казна доколку го повторат делото.
Извор: Gay Star News