Германскиот претседател ја бојкотира Олимпијадата поради крешењата на човековите права во Русија

Германскиот претседател ја бојкотира Олимпијадата поради крешењата на човековите права во Русија

Берлин – Германскиот претседател Јоаким Гаук ги бојкотира Зимските Олиписки Игри и следната година нема да отпатува во Сочи.

 

Гаук ја презема оваа одлука во знак на протест против кршењата на човековите права и малтретирањето на опозициските политички фигури во Русија, се вели во извештајот на Дер Шпигел. Според магазинот, руската влада била известена за оваа одлука минатата недела.

 

Минатата недела портпаролот на претседателот Фердос Форудастан го потврди потегот за новинската агенција ДПА. Канцеларијата на Гаук не беше достапна за да ја потврди вестта.

 

Форудастан изјавил за ДПА дека не постои правило според кои германските претседатели би биле примрани да патуваат на Олимписките Игри. Поранешниот претседател Хорст Колер не патуваше во Ванкувер за Зимските Олимписки Игри кои се оддржаа во 2010.

 

Германската олимписка кофедерација на својот вебсајт соопшти дека Гаук не планирал да патува за Сочи.

 

Директорот на кофедерацијата Михаел Фесбер изјави за ДПА дека „со самото тоа што претседателот не патува, не значи дека тој автоматски бојкотира нешто. Оваа одлука секако не е наменета против германскиот тим“.

 

Гаук, кој е истакнат критичар на руските кршења на човековите права откако станал претседател во март 2012 се уште не ја посетил Русија. Планираниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин кој требаше да се случи во јуни 2012 беше откажан.

 

Гаук ги посети Олимписките и Параолимписките Игри во Лондон минатата година.

 

Алексеи Пушков, раководителот на долниот дом на рускиот парламент, брзо му одговори на Гаук на својот Твитер профил: „Гаук никогаш не ги осуди убиствата на деца и жени во Пакистан и Авганистан. Но, тој ја осудува Русија толку многу што нема да допатува во Сочи“.

 

Германската канцеларка Анегела Меркел минатиот август зборуваше против бојкотирањето на Олимписките Игри во Сочи како одговор на новиот руски закон за забрана на геј пропаганда. Канцеларката кажа дека игрите коишто ќе се оддржат во февруари ќе го фокусираат вниманието на овие прашања и дека спортистите најмногу ќе бидат погодени од бојкотот. Присуството на Меркел во Сочи се уште не е испланирано.

 

Извор: Lgbtq nation