(мк) Објавен декемврискиот број на S-WORK

(мк) Објавен декемврискиот број на S-WORK

СТАР-СТАР го објави петнаесетиот број на магазинот С-Ворк кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете од линкот подолу во текстот.

 

Во новиот број ќе може да прочитате:

17 ДЕКЕМВРИ –“МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ“

17-ти Декември е Интернационален ден за стоп на насилството врз сексуалните работници. Овој ден ги обедини сексуалните работници од целиот свет, заедно и здружени, гласно да говорат за ставот против дискриминацијата и со своите генерира да ја подигнат свеста кај пошироката популација која секојдневно пренесува насилство и агресија кон оваа маргинализирана група луѓе.

 

 

ВО СПОМЕН НА ЕМИЛИ КАГАЛ, МАРТ 2005

Иако не ја познавам лично, сепак доста се информирав за нејзиниот живот, можеби и повеќе од некој друг. Сите дневни весници објавија дека е егзотична танчерка, а нејзината слика ја имаше насекаде по медиумите. Потоа се објави сторија за нејзина потрага.

 

 

КАКО СЕ ОДБЕЛЕЖУВАШЕ 17-ТИ ДЕКЕМВРИ ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ ВО СКОПЈЕ.

 

 

„СРЦЕ ЗА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ“ – ЛИА КЛЕР ШОЛ

Нудењето сексуални услуги претставува најстара професија – присутна е насекаде, па дури и во црквата. Факторите поради кои одредени личности се вклучуваат во сексуалната работа се најразлични исто како различните бои и нијанси на косата кај жената, но сеуште сексуалните работници се гледаат низ призмата на немоќни лица кои треба да се спасат

 

 

КОЛУМНА ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 17 ДЕКЕМВРИ ОД МЕГИ МЕК НЕИЛ

„Сум била библиотекарка, домаќинка, девојка на повик и мадам, а сега сум мажена и пензионирана. Живеам во мала рурална средина во Јужна Америка и имам сопствен блог за проститутки. Пишувам колумни за нашите права, искуства, за начинот како општеството не угнетува, за бесот кој го имаат феминистичките организации кои себе си се прогласуваат за феминистки…“ – Меги Мек Неил

 

 

ВО СЕЌАВАЊЕ НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ БИЛЕ ЖРТВИ НА УБИЕЦОТ ОД ГРИН РИВЕР, САД

Насилството врз сексуалните работнички е исто што и насилство врз секоја жена. Жените се нечии сопруги, мајки, сестри, ќерки. дали оправдуваме напади и насилства врз нив, врз нашите жени, мајки, сестри, ќерки ? Секако дека не…

 

Новиот број на магазинот можете да го преземете овде.