И покрај лошите резултати, хрватската влада се стреми кон брачна еднаквост

И покрај лошите резултати, хрватската влада се стреми кон брачна еднаквост

Хрватските лидери се обрзаа во текот на следните две недели на истополовите парови да им овозможат еднакави права какви што имаат и хетеросексуалните парови.

 

И покрај силниот удар кој минатиот викенд го претрпе планот за граѓански партнерства, кога 66 процнети од гласачите решија дека бракот треба да остане дефиниран како заедница помеѓу маж и жена, премиерот на земјата Зоран Милановиќ изјави дека поддржува некаква форма на брачна еднаквост без разлика како таа ќе биде дефинирана.

 

„Ова беше последниот референдум на кој мнозинството ги ограничи правата на малциснтовото“ – рече тој.

 

На почетокот на неделава Милановиќ вети дека ќе најде начин сите парови, без разлика за сексуаланта ориентација, ги уживаат истите права, пренесува Балкан Инсајд.

 

Премиерот изрази разочарување за исходот од референдумот велејќи дека ова е „само припремање“ за следните референдуми со кои ќе се ограничат правата на српската заедница во земјата.

 

„Мислам дека референдумот не нè направи подобри, попаметни или поубави“- вели премиерот.

 

Од дваесет и една покранина во земјата, само две гласаа против на референдумот.

 

Иако во хрватските закони бракот е дефиниран како заедница помеѓу маж и жена, експертите велат дека со референдумот се потврдува хетеросексуаланта дефиниција на бракот и е практично невозможно да биде усвоена каква било форма на закон за брачна еднаквост.

 

Франко Дота, политички аналитичар и активист за геј права, за Њујорк Тајмс изјави: „Референдумот беше изненаден удар врз можноста за воведување на геј брак во Хрватска. Ова беше референдум за да се деградира геј популацијата и да се удри врз прогресот којшто се случи во изминатите декади“.

 

Референдумот е победа за религиозните лидери во земјата и католичките групи, вклучувајќи ја и ХДЗ, кои се залагаа за оддржување на рефередумот во земјата во која осудесет и пет проценти од популацијата е од католичка вероисповед.

 

И покрај напорите за да се задржи дефиницијата на бракот, лидерот на ХДЗ, Жељко Рајнер, рече: „Нашите пријатели, соседи и роднини кои имаат различна сексуална ориентација нема потреба да бидат загрижени, затоа што нивните права мора да бидат заштитени, а ХДЗ прв ќе го направи тоа“.

 

Битката за граѓанските заедници го достигна зенитот минатиот август кога хрватската влада се обрза да ги признае истополвите парови како „животни партнерства“, наместо како брак.

 

Иако убавите плажи во земјата се сè уште популарна туристичка локација, особено за геј крстарења, Хрватска има проблематична историја кога се во прашање геј правата.

 

Минатиот септември, организацијата Амнести Интернешнал соопшти дека Хрватска претставува една од неколкуте земји членки на ЕУ во која законите не озвоможуваат соодветна заштита од дискриминација, физички напади и убиства на ЛГБТ луѓето.

 

Извор: Gay star news