Jавната трибина “Студентите и академската заедница против дискриминацијата-политики за антидискриминација на УКИМ`

Jавната трибина “Студентите и академската заедница против дискриминацијата-политики за антидискриминација на УКИМ`

Ни претставува огромна чест и задоволство да Ви се обратиме со покана за присуство на јавна трибина организирана од Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници и Младински образовен форум [МОФ].

 

Темата на јавната трибина е “Студентите и академската заедница против дискриминацијата-политики за антидискриминација на УКИМ”.

 

Дебатата ќе се одржи на 29 ноември (петок), со почеток во 12 часот на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, во салата за одбрана на магистерски и докторски трудови, на првиот кат.

 

На оваа трибина ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето кое го направија МОФ и Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, а кое имаше за цел да ги испита облиците на дискриминација кои ги искусуваат студентите за време на своите студии, како и нивната запознаеност со поимот на дискриминација и правните акти кои нудат заштита од дискриминација. Воедно, на оваа трибина ќе биде промовирана публикација во која ќе бидат објавени резултатите добиени од истражувањето, како и компаративна анализа на правни акти и странски искуства во превенирање на дискриминацијата во високото образование.

 

На јавната трибина ќе говорат: Борче Давитковски, Декан на Правниот факултет “Јустинијан Први“; Владимир Трајковиќ, продекан на ФИНКИ; Душко Миновски, Претседател на Комисија за спречување на дискриминација; Наташа Бошкова, правна советничка, Коалиција за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници; Александра Живковиќ, МОФ.

 

 

Модератор на дискусијата ќе биде Петар Димитров, демонстратор на Правниот факултет “Јустинијан Први“.
Дел од прашањата кои се надеваме дека ќе бидат покренати се актуелизација на телата кои можат да понудат заштита од дискриминација на студентите, потребата од промовирање на акти со кои би се заштитиле студентите, но и академскиот кадар од дискриминаторски односи, и потребата од активно вклучување на државните институции во промовирање на антидискриминатторски политики во високото образование.

 

Би ни било особено задоволство доколку ја прифатите нашата покана да присуствувате на настанот.

 

Лице за контакт

Александра Живковиќ
тел: 075/ 84 96 91
Aleksandra.zivkovik@gmail.com