Итан Нејделман за пропаднатата прохибициска политика на дроги

Итан Нејделман за пропаднатата прохибициска политика на дроги

Движењето за реформи на политиките на дроги не е едноставно составено од лица кои се надеваат дека ќе можат да употребуваат дрога на легален начин, вели Итан Нејделман. Извршниот директор на Алијансата за политика на дроги вели дека во движењето се вклучени и луѓе кои мразат дроги, па дури и луѓе кои дрогите воопшто не ги интересираат.

 

Говорејќи на Форумот на Американскиот бизнис совет, Нејделман призна дека тој е еден од десетте милиони луѓе кои одговорно уживале во повремено пушење на марихуана.

 

„Не ни се допаѓа фактот што владата не третира како криминалци“, рече тој и додаде: „Веруваме дека нашите умови и тела се само наши, а не и на владата. Ова е всушност прашање за слободата“.

 

„Знаете за што се грижиме ние? Се грижиме за штетите кои војната против дрогите и оваа пропадната прохибиционистичка политика ги нанесува на нашите домови, во нашите заедници, нашето општество, нашата земја и во целиот свет.“

 

Нејделман потенцираше дека САД има највисока стапка на затворање на луѓето и најголема затворска популација во светот. Тој рече дека правниот систем на САД „ги праќа во затвор црните луѓе на начин на кој јужноафриканскиот апартхејд би изгледал како детска игра.

 

„Стапката на затворањето на припадниците на малцинските групи ја надминува онаа на озогласените советски гулази“, вели тој.

 

Нејделман, исто така зборуваше и против мешањето на владата во врската помеѓу докторите и пациентите, преголемата употреба на отровни пестициди во уништувањето на полињата со кока и високата фискална цена на прохибицијата на дрогите.

 

Погледнете го видеото од од говорот овде.

 

Извор: Raw story