18 Nov Јавна дебата: Медиумите и дрогите и Промоција на списанието Дроги – политики и практики
ХОПС- Опции за здрав живот Скопје и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ ве покануваат на дебатата на тема медиумите и дрогите која ја организираме по повод излегувањето на првиот број на магазинот Дроги – Политики и практики која ќе се случи на 21 ноември 2013 во ГЕМ Клуб, над Менада, Стара Чаршија со почеток во 19 часот.
Целта на дебатата е да даде одговор за односот на медиумите во Македонија кон употребата на дроги. Некои од прашањата кои ќе се дискутираат се:
Зошто оваа тема е екслузивно право на рубриката црна хроника? Како медиумите можат да имаат улога на иницијатори на дебати за теми кои се актуелни во регионот и во Европа – декриминализација на дрогите, воведување нови програми за лекување, заштита на правата на корисниците на дроги? Дали медиумскиот простор во Македонија овозможува експертска дебата за политиките поврзани со дрогите? Кои институции се најприсутни во медиумите како извори на информации при изработката на прилози и теми што се однесуваат на дрогите?
Во рамките на дебатата ќе се промовира првиот број на списанието „Дроги – Политики и практики“, во издание на ХОПС- Опции за здрав живот Скопје и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
Говорници:
Менче Атанасова-Точи, новинарка во рубрика Здравство во НОВА ТВ
Ирена Цветковиќ, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
Влатко Деков, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје
Прим. Д-р Славица Гајдаѕис Кнежевиќ, Институт за Брак и семејство
Вања Димитриевски, главен уредник на списанието „Дроги – политики и практики“ , ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Наташа Бошкова – ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
Жарир Симрин – ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Модератор: Жарко Трајаноски, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“