Руски уредник уaпсен за прекршување на забраната на „геј пропаганда“

Руски уредник уaпсен за прекршување на забраната на „геј пропаганда“

Руски новинар е обвинет според законите против „геј пропаганда“ во земјата, откако објавил интервју со геј учител.

 

Александар Сутурин, главниот уредник на весник во Кабаровск се сомничи за прекршување на забраната за пропагирање на „нетрадиционални сексуални врски“,

 

Тој објавил текст во кој искористил директен цитат од учител по географија кој минатиот септември бил отпуштен од неговата работа поради неговата сексуална ориентација.

 

Бившиот учител рекол: „Моето постоење е доказ дека е нормално да се биде геј“.

 

Во случајот се вели дека Сутурин објавувајќи го цитатот ја „извртувал“ сликата за општеството и дека таквата изјава е „во спротивност со законите на логиката“. Експонирајќи ги на таков текст читателите кои имаат под осумнаесет години, авторот „ги заведува да поверуваат дека хомосексуалноста е нормална“. Се тврди дека со следењето на логиката на авторот, тој ги наведува да поверуваат дека и да се биде „сериски убиец“ е нормално.

 

Со објавувањето на насловот, весникот на Сутурин како медиумска организација се соочува со казна од двесте илјади и рубљи (околу четри илјади и петстотини евра ). Тој исто така може да биде затворен од страна на руските власти.

 

Извор: Gay star news