11 Nov Хрватска ќе оддржи референдум за забрана на истополовиот брак
Хрватскиот парламент гласаше за оддржување на референдум за забрана на истополовите бракови.
На 1-ви декември гласачите ќе одлучат дали да се одобрат промените на хрватскиот устав за да бракот се дефинира како заедница помеѓу маж и жена.
Повеќе од две третини од членовите на парламентот го поддржаа планот.
Петицијата за одржување на референдум која ја спроведе една католичка група доби повеќе од 700 000 потписи. Опонентите велат дека таа е дискриминаторска и анти-геј.
Миниот петок парламентот на мнозиски католичката земја изгласа оддржување на рефередум на прашањето „Дали се согласувате дека бракот претставува заедница помеѓу маж и жена?“
Доколку предлогот се усвои во декември тогаш уставот на Хрватска ќе се измени со тоа што ќе се забранат геј бракови.
Откако католичката група „Во име на семејството“ собра доволно потиси, планот за референдум влезе на дневниот ред на парламентот.
Планот доби подршка од 104 пратеници од вкупно 151 пратеник во хрватскиот парламент.
Групите за човекови права велат дека ќе испратат жалба за референдумот велејќи дека ги загрозува основните човекови права во Хрватска која минатиот јули и се придружи на Европската Унија.
Минатата недела хрватскиот премиер Зоран Милановиќ рече дека тој е против референдумот и дека веројатно ќе гласа „против“.
Милановиќ изјави за државната телевизија дека во предлогот приметил „недостаток на толеранција“ спрема одредена малцинска група.
„Бракот не е загрозен од страна на истополвите групи, туку од модерниот начин на живот, од трката да се заработат пари“- вели Милановиќ кој ја предводи социјал-демократкста влада.
Водачот на опозицијата, Томислав Карамарко од ХДЗ, изјави дека ќе гласа „за“ на референдумот.
Извор: BBC