06 Nov Кампањата против казнувањето на користење сексуални услуги во Франција наиде на шестоки реакции
Tаканаречениот „Манифест на 342-те копилиња“ против законите со кои се казнуваат клиентите на сексуалните работници предизвика жестоки реакции за време на жустрата дебата за законите за купување и продавање секс.
Слоганот на движењето „Рацете настрана од мојата курва“ (“Touche pas à ma pute”) се основа на оној од кампањата за поддршка на легалниот абортус од 1971-та. Оваа група на мажи се спротиставува на потегот на француската влада да го казнува купувањето на сексуални сервиси.
Во петицијата се вели дека дел од потписниците, меѓу кои има истакнати француски личности, се мажи кои „употребувале или имаат намреа да ги употребуват сервисите на сексуалните работници/чки“
„Ние не ја браниме сексуалната работа, ние ја браниме слободата“ -се вели во петицијата која овој месец ќе биде објавена во месечникот Causeur. „И кога парламентот усвојува закони за сексуаланоста, слободата на сите граѓани е загрозена’.
Понатаму во текстот се вели: „Сметаме дека секој има право да го продава својот шарм, дури и да ужива правјеќи го тоа. Сите заедно ние велиме: Рацете настрана од мојата курва!“
Според сегашните правила, проституцијата е легална во Франција, но подведувањето е забрането. Законот за кој ќе се дискутира на крајот на следниот месец предвидува казнување на клинетите наместо на сексуалните работници/чки во обид да се намали протитуцијата.
Со предложениот закон се предлага казна од 15000 евра за оние кои плаќат за секс, а таа ќе биде двојно повисока доколку прекршителите бидат фатени вторпат.
Манифестот беше во голема мера осуден на Твитер. Минатата среда, француската министерка за женски права и портпарол на владата Najat Vallaud-Belkacem исто така го критикуваше законот.
Таа рече дека манифестот од 1971-та беше потпишуван од страна на жени кои „бараат да им биде овозможено слободно да одлучуваат што ќе прават со своите тела“.
“343-те копилиња се борат за правото да одлучуваат слободно што да прават со туѓите тела“ – рече таа. „Мислам дека нема потреба за понатамошен кометар“.
Зиромачо мрежата, која претставува група од приближно 2000 мажи кои се борат против проституцијата, исто така го напднаа манифестот.
„Оваа реакционерна петиција тврди дека желбата да се укине проситуцијата преставува „војна против мажите“. Но, работите стојат обратно: -Ние сметаме дека борбата за укинување на проституцијата е најпрво борба за еднаквост“.
Извор: France24