04 Nov Челси Менинг се закани дека ќе ја тужи Американската армија доколку не и биде овозможена транзиција
Кртот на Викиликс Челзи Менинг се закани дека ќе ја тужи Амриканската армија поради нејзиното одбивање да и дозволи транзиција.
Поранешниот војник се оутираше како трансродова личност откако беше најавено дека е осуден на триесет и пет годишна затворска казна поради објавувањето на седумстотини илјади тајни воени документи додека работела како разузнавачки аналитичар во Ирак.
Менинг моментално се наоѓа во машки воен затвор во САД, а службениците во затворот ја приморале да се облекува како маж.
Во писмо постирано на вебсајтот Private Manning Support Network, таа напиша дека нејзниот адвокат Дејбуд Комбс и помага во пишувањето на молбата за третман.
Таа рече: „Дејвид Комбс ќе ме преставува во мојот обид да добијам барем РЛЕ (Real Life Experience) и HRT третмани со тоа што ќе ми помага во работите поврзани со искористувањето на моите административни можности и доколку бидам одбиена во поднесувањто на писмена жалба до судот“.
Војската соопшти дека не овозможува третман за родова дисфорија.
Армиската медицинска команда соопшти дека отсега на затворениците им е дозволена хормонска терапија во затвор, иако Менинг очигледно е прва која го побарала тоа.
Извор: gay star news