06 Apr Европратениците до македонскиот Парламент
Не гласајте за нецелосниот закон за анти-дискриминација
БРИСЕЛ, 30 март 2010 – Неколку членови на Европскиот парламент денес му
пишаа на Собранието на Република Македонија, повикувајќи ги пратениците
повторно да рамислат за гласањето на пленарната седница за нецелосниот
закон за анти-дискриминација. Во сегашната нацрт верзија, законот не ја
опфаќа дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација.
Во писмото се наведува дека предлог-законот, за кој што ќе се гласа
идната недела, оди против европските принципи на сеопфатна
недискриминација. Доколку се изгласа, законот ќе треба да се преиспита во
периодот на пристапување на земјата кон ЕУ – па зошто да не спроведе
сеопфатна легислатива сега, тврдат пратениците. Во писмото, исто така, се
потсетува парламентот на Република Македонија за идните правни обврски на
земјата кога ќе стане полноправна членка на Европската унија.
Писмото е потпишано од страна на шестмина членови, вклучувајќи го и ко-
претседателот на Зелените / Европска слободна алијанса, како и двата ко-
претседатели на мешаната група на Европскиот парламент за ЛГБТ права.
Отворено писмо
30 март 2010, Брисел
Пратениците на Собранието на Република Македонија
Булевар 11 Октомври
1000 Скопје
Предмет: Гласање за Законот за анти-дискриминација на 6 април 2010
Референца: 20100330/БС
Почитувани пратеници,
Собранието на Република Македонија наскоро ќе изгласа клучен дел од
законодавството од областа на анти-дискриминацијата. Се очекува овој
закон да ја приближи Република Македонија еден чекор поблиску до
пристапувањето кон Унијата, под услов тој да е хармонизиран со
законодавството (acquis communautaire) на Европската унија.
Овој закон на Европската унија се базира на член 19 од Договорот за
функционирање на Европската унија, како и на Европските директиви. Со
Рамковната Директива за вработување 2008/78/ЕК се забранува
дискриминација врз основа на вероисповед, инвалидитет, возраст и
сексуална ориентација на пазарот за труд; Со Расната Директива 2000/43/ЕК
се забранува дискриминација врз основа на расно потекло; како и други
директиви со кои се (Директивата за родова еднаквост во однос на добра и
услуги 2004/113/ЕК; и Директивата за родова еднаквост при вработување
2006/54/ЕК) гарантира еднаквост на жителите на Европската унија врз
основа на род.
Земјите-членки на ЕУ се обврзани да ги имплементираат овие директиви во
националното законодавство и сите земји со амбиции за приклучување кон ЕУ
ќе мораат да го сторат ова пред пристапувањето. Не постојат исклучоци од
ова правило.
Поточно, секоја земја во ЕУ или земја со аспирации за пристапување ги
имплементира законите со кои се забранува:
• Дискриминација врз основа на религија или вероисповед, инвалидитет,
возраст и сексуална ориентација при вработување, обука или членство и
вклученост во организации на работници и вработувачи;
• Дискриминација врз основа на расно потекло при вработување и обука,
образование, социјална заштита (вклучително и социјално и здравствено
осигурување), социјални предности, членство и вклученост во организации
на работници и вработувачи, како и пристап кон добра и услуги, вклучувајќи и пристап кон живеалишта.
Како верни поборници за пристапување на Република Македонија кон
Европската унија веднаш по исполнувањето на потребните услови, загрижени
сме од фактот дека сегашниот нацрт на Законот за анти-дискриминација не е
хармонизиран со acquis communautaire. Меѓу другото, ова се засновува на
неуспехот да се вклучи сексуалната ориентација како основа за
дискриминација која е стриктно забранета. Законот, каков што е во
сегашната состојба, ќе треба да биде дополнително разгледан за да се
овозможи пристапувањето кон Европската унија. Ова ќе создаде непотребно
одложување во процесот на пристапување.
Како пратеници на Европскиот парламент би сакале најљубезно да ве
посоветуваме вас, нашите колеги во Парламентот на Република Македонија,
да ја искористите собраниската постапка која во моментот е во тек за
дополнување и измени на Законот за анти-дискриминација, со цел да се
задоволат критиериумите за пристапување. Сметаме дека со ова Република
Македонија ќе направи клучен чекор кон пристапувањето на Европската
унија.
Со почит,
Ребека Хармс,
Пратеник во Европскиот парламент
Ко-претседател на Зелениот слободен европски сојуз
Мајкл Кешмен
Пратеник во Европскиот парламент
Прогресивен сојуз на социјалистите и демократите
Ко-претседател на Интергрупата за ЛГБТ правата
Урлике Луначек
Пратеник во Европскиот парламент
Координатор за надворешни работи на Зелениот слободен европски сојуз
Ко-претседател на Интергрупата за ЛГБТ правата
Сирпа Пиеткаинен
Европската народна партија
Делегација за Југоисточна Европа
Горан Фарм
Пратеник во Европскиот парламент
Прогресивен сојуз на социјалистите и демократите
Делегација за Југоисточна Европа
Копии доставени до:
Г. Штефан Фуле
Комесар за проширување и европска соседска политика
Трајко Велјановски
Претседател на Собранието на Република Македонија
Г. Спиро Ристовски
Заменик министер за труд и социјална политика, Република Македонија
Г. Јорго Чатизмаркакис
Престедавач, Делегација на Мешовит парламентарен комитет ЕУ и Република
Македонија