25 Oct Германските геј парови добија родителски бенефиции, но забраната за посвојување сè уште важи
Германските геј парови добија родителски бенефиции, но забраната за посвојување сè уште важи
Покрај забраната за посвојување, истополовите парови во Германија завчера добија еднакви родителски бенефиции.
Една лезбејска двојка, која се наоѓа во граѓанска заедница, победи во правниот случај во Федералниот фискален суд во Минхен.
Според АФП, со жалбата, која не е признаена од судот, тие барале повисока сума од 215 евра месечно која се доделува на семејства кои имаат четири деца. Германските родителски бенефиции се доделувани на родители на скала која се зголемува за многудетните семејства.
Иако понискиот суд ја одби жалбата, федералниот суд соопшти дека порано во годината на истополовите парови им е озвоможена даночна еднаквост, па затоа мораат да добијат и исти родителски бенефиции. „Федералниот суд одлучи дека правната пракса е исто така релевантна за одредувањето на родителските бенефиции“- се вели во соопштението.
Ова е последниот потег за проширување на правата на истополовите парови во Германија во најбројната нација во Европа. Во 2001-та, истополовите парови го добија правото на стапување во граѓански заедници, а во февруари 2012-та беше дозволено овие парови да можат да ги посвојуваат децата на нивните парнери.
Меѓутоа, на истополвите парови во Германија сè уште им е забрането да посвојуваат деца.
Социјал-демократите, кои се залагаат за геј брак и посвојување, минатата недела влегоа во формалани преговори за коалицирање со демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел.
Извор: Gay star news