Изложба на Ема Сабо во рамките на ФРИК 2013

Изложба на Ема Сабо во рамките на ФРИК 2013

На две недели пред почетокот на ФРИК фестивалот, ФРИК Банда има чест да ја најави првата изложба на Ема Сабо (Р. Србија) во Скопје. Ема Сабо ја имаше својата резиденција во рамките на програмските активности на ФРИК минатиот месец и како што очекувавме, нè почести со прекрасни погледи на нашиот град.

 

Се надеваме дека ќе ве видиме сите на отворањето на 06.11.2013 во 21:30 во новата галерија пред киното Фросина на МКЦ.

 

Престојот на Ема Сабо во Скопје беше реализиран во соработка со Коалицијата СЗПМЗ и Урбан Хостел.