ЛГБТ правата во Западен Балкан и Турција во извештаите за прием во ЕУ

ЛГБТ правата во Западен Балкан и Турција во извештаите за прием во ЕУ

Неодмана објавените извештаи на Европската Комисија вклучуваат битни и проширени информации за ситуацијата на ЛГБТ луѓето во Западен Балкан и Турција. Во извештаите е забележан и позитивен и негативен развој во овие земји.

 

Европскиот комесар за проширување Стефан Фуле го презентираше извештајот за прогресот на овие земји пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент.

 

Комисијата нашироко извести за проблемите на дискриминација и насилство врз ЛГБТ луѓето во овие земји, многу повеќе во споредба со изминатите години.

 

 

Позитивен и негативен развој

 

Позитивен развој беше забележан во Србија и Црна Гора, кадешто беа усвоени антидискриминациски стратегии. Понатаму, во Србија и Албанија беа усвоени закони со кои се сакниционираат злосторставата мотивирани од омраза.

 

Извештаите покажуваат дека ЛГБТИ луѓето продолжуваат да се соочуваат со дискриминација, закани и насилство во Западен Балкан и Туриција. Ова е последица на недостатокот на закони за антидискриминација и злостроства мотивирани од омраза во Босна и Херцеговина, Турција, Македонија и Косово и недостатокот на ефикасна имплеметација забележана во Србија и Црна Гора.

 

Сериозни појави на нетолеранција врз ЛГБТИ луѓето, вклучувајќи и закани и напади се забележани во Македонија, Црна Гора, Србија, Турција, Босна и Херцеговина и Косово.

 

Србија беше критикувана поради проблематичната забрана на белградскта Парада на Гордоста со што покажа недостаток на политичка поддршка за заштита на ЛГБТИ луѓето.

 

Турција беше обележана како земја со највисока стапка на злосторства мотивирнаи од омраза, дискриминаторски пракси, злоупотреба на законот за интернет против ЛГБТИ сајтови и за отфрлањето на референци за дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет од предлог законот за антидискриминација.

 

 

Европскиот парламент известува

 

Улрике Луначек, пратеничка во Европскиот Парламент, копретседател на ЛГБТ интергрупата и известувач за Косово, рече „ Во лицето на дискриминацијата врз ЛГБТИ луѓето во Југоисточна Европа добро е што гледаме дека Комисијата посветла повеќе внимание на ЛГБТИ луѓето во извештаите за прием во споредба со претходните години. Тоа покажува дека ЕУ сероиозно ја разбира посветеноста кон човековите права“.

 

Јелко Кацин, пратеник, член на ЛГБТ интергрупата и известувач за Србија, додаде: „Среќен сум што гледам позитивен развој во Србија во врска со развојот на детална стратегија за антидискриминација и подобрен закон за злосторства мотивирани од омраза. Во исто време, Прајдот не може да се тргне на страна, ниту пак недостатокот од имплементација на законот за антидискриминација. Европскиот парламент ова ќе го разгледа детално во нашите извештаи.

 

Европскиот парламент ќе усвои ќе усвои свои извештаи за напредокот во следните неколку месеци.

 

Извор: lgbt-ep.eu