Во Русија пронајден нов екстремно опасен вид на ХИВ

Во Русија пронајден нов екстремно опасен вид на ХИВ

Само што Русија стана позната по опресивниот третман на ЛГБТ луѓето, од оваа земја доаѓаат нови вознемирувачки вести. Истражувачите во Русија пронашле нов вид на ХИВ вирусот кој рапидно се шири. Според Московско Време, новиот вид на ХИВ, познат како 02_AG/A, најпрво бил забележан во сибирскиот град Новосибирск во 2006-та и се смета дека е засклужен за педесет проценти од новите ХИВ инфекции во регионот. Бројот на ХИВ позитивни лица кои живеат со ХИВ во Новосибирскиот регион, според рускиот федерален СИДА центар, пораснал од две илјади во 2007 на петнаесет илјади во 2012.

 

Наталја Гашникова, која раковиди со ретровирусниот оддлел во државниот биотехнолошки истражувачки центар Колтсово (каде што и бил пронајден новиот вид на вирусот), за медиумите изјави дека „новиот вид би можело да се смета за најсмртоносната форма на вирусот во Русија и може да е прошири многу побргу од моменталниот водечки вид на ХИВ.

 

Време објави дека новиот вид на ХИВ исто така бил забележан во северно-кавкаската република Чеченија и во порнешните советски републики Киргистан и Казакстан. Всушност, Источна Европа е еден од регионите каде што нивото на ХИВ инфекциите се уште расте и истражувачките и сервисните организациите се најмалку финасирани. Активистите велат дека хомофобичната и трансфобичната клима предизвикана од неодамешнте политички акции ги прави работите уште потешки во областа каде што едукацијата, третманот и тестирањата се недоволно достапни.

 

Досега не биле објавени резултатите од истражувањата за тоа дали оваа форма на ХИВ реагира на традиционаланта антиретровирусна терапија.

 

Извор: advocate.com