Црна Гора: Прајдот во Подгорица заврши, моментално се случуваат нереди

Црна Гора: Прајдот во Подгорица заврши, моментално се случуваат нереди

Подгорица – Првата Парада на гордоста во Подгорица заврши на пладне, а на улиците во градот моментално се случуваат нереди. Полицијата се справува со хулиганите, а учесниците биле евакуирани со полициски возила.

 

Прајдот во Подгорица се оддржа во знакот на невидени мерки на полициско обезбедување како и на жестоките судири на полицијата со противниците на геј парадата кои се обидоа да влезат во поворката. Судирите помеѓу полицијата и хулганите се се уште во тек.

 

Подгоричките Вјести пренесуваат дека сите мобилни единици на полицијата ги разбиваат групите на хулигани во делот на градот Преку Морача, а најжестоките судири се случуваат кај Трговското училиште.

 

Црногорскта полиција претходно се судри со сто и педесет противници на геј парадата кои се обидоа да влезат во делот на градот каде што се оддржува менфестацијата. Полицијата употреби пендреци за да ги растера противниците на парадата, а тие возвратија со петарди и камења.

 

Кај амбасадата на САД полицијата фрлила солзавец на група од хулигани која пристигнала од булеварот Св. Петар Цетински, а солзавец бил фрлен и кај раскрницата кај Маша.

 

Првата парада на гордоста во Подгорица започна во 11 часот, а „Монтенегро прајд“ се одржува под слоганот „Црна Гора гордо“. На парадата присуствуваа околу стотина учесници. Поширокиот дел на градот уште и раните утрински часови беше блокиран за сообраќај, а полицијата претхдно порача дека ќе ги преземе сите можни мерки за да манифестацијата пројде безбедно.
Повеќе личности кои имале молотови коктели биле приведени утрото околу 10 часот кај автобуската станица во градот.

 

Освен знамињата на ЕУ, на ЛГБТ заедницата и на останатите организации, на манифетацијата беа забалежани и транспаренти со пораките „Прогресот е толеранција“, „Секој има свое право“, „Геј е ок“ и “Love is love”. Учесниците носеа и транспарети со пораките „Љуби го педерот“, „Хомофобијата не е семјена вредност“, „Јас сум за трансформација на совеста“, „И ние сме за иднината“ како и „Секој со својата работа“.

 

Меѓу учесниците беа и организаторите на белградската и сплитскта Парада на гордоста.

Организторите на прајдот претходно соопштија дека не се плашат од нереди, а црногорската полиција ги повика граѓаните да се воздржат од насилство.

 

Сепак, минатата сабота истакнат член на ЛГБТ заедницата во Црна Гора беше вербално и физички нападнат пред зградата во која живее во Подгорица, а му беа упетени и бројни закани преку социјалните мрежи.

 

Извор: B92