15 Oct ХОПС додели дипломи за завршени доквалификациони курсеви
ХОПС со финансиска поддршка на Одделението за имплементација на активностите поддржани со грант од Глобален фонд за ХИВ/СИДА при Министерство за здравство, овозможи курсеви во Работнички универзитет „ Кочо Рацин“ за корисници/чки на дроги и сексуални работници/чки.
Погледнете го видеото од настанот овде.
Вкупно 13 лица успешно ги завршија обуките и по тој повод на 20.09.2013 во Центар за рахабилитација и ресоцијализација на корисници на дроги и нивни семејства им беа доделени дипломите.
Ова е прв проект поддржан од Одделението за имплементација на активностите поддржани со грант од Глобален фонд за ХИВ/СИДА при Министерство за здравство, и многу значаен бидејќи допринесува пред се за намалување на стигма и дискриминација кон корисници/чки на дроги и сексуaлни работници/чки и можност за нивно подобро пласирање на пазарот на трудот.
И годинава продолжува поддршката од Глобален Фонд, 20 корисници/чки на дроги и сексуални работници/чки ќе имаат можност да се запишат на курсевите кои ги има во Работнички универзитет „ Кочо Рацин“.
Прземено од ХОПС