Топ привилегија?

Топ привилегија?

Автор: Зак Стафорд

Општо познато е дека доколку сте пасив (bottom), а планирате да имате секс не треба да јадете лута пиперка. Не можам ни да набројам колку пати кога се договараме со пријателите каде да вечераме и некој од нив спомнува лута пиперка, веднаш излетува коментарот, „Девојко, не не помислувај на пасивна поза денес.“

 

Вообичаено сите ќе се насмевнеме, согласувајќи се, па дури и извикувајќи, „Така е“! Интересен податок за шегување, но исто така и вонземирувачки за повеќето кои се плашат од непријатно изненадување доколку решат да бидат интимни со друг маж, само затоа што вкусиле една од своите омилени храни, којашто се движи низ нивниот организам малку пребрзо. Можат да се набројат и други храни кои пасивците (bottoms) не ги јадат пред секс, освен лутата пиперка, а дел од нив целосно ги избегнуваат.

 

Со текот на годините моите пријатели и јас се шегуваме дека сето ова е дел од она што го нарекуваме „топ привилегија“ (top privilege), односно дека мажите кои се идентификуваат како активни (top) имаат поголеми привилегии од пасивните. Се шегуваме дека топ привилегијата е сексуален еквивалент на привилегиите на белата раса во светот. Неодамна подлабоко ја разгледав оваа тема, прашувајќи се: Дали навистина е привилегија да се биде актив?

 

Така изведов една анкета во мојата околина, прашувајќи зошто на активните партнери им е „подобро“ од пасивните, и секако, првиот извор беа апликациите за закажување состаноци.

 

Доколку го вклучите Grindr или Scruff или некоја друга апликација за закажување состаноци, вашиот екран ќе се преполни со торза спакувани во мали кутивчиња. Претпоставувам дека поголем процент од овие профили постираат изјави слични на, „само мажествени,“ или „феминизирани не,“ или „биди вистински маж,“ итн. Останатите гласат, „мажествен геј,“ или „атлетски тип,“ или „вистински маж,“ бла, бла, бла. Сфаќате.

 

Во геј сексот, мажественоста е популарна во моментов, но и отсекогаш била. Освен овие изјави кои ја откриваат посакуваната родова перформативност, ќе забележите уште еден збор кој фреквентно се појавува – „актив“ (top) – на пример „актив овде,“ или „барам актив,“ или „Биди актив,“ и така натаму, и така натаму. Актив. Актив. Актив.

 

Се чини дека сите на Grindr се актив. Доколку некој антрополог од иднината ги погледне денешните профили на Grindr, барајќи информации за геј мажите во 2013 година, ќе си помисли дека пасивците биле на работ на истребување. Ова секако не е вистина, и мислам дека употребата на „актив“ на интернет профилите е повеќе мамец за да се одговори на порака испратена преку некоја од овие платформи. Нешто како црв на јадица за риби.

 

Активците се длабоко почитувани не само заради сексуалниот аспект на активната улога, но затоа што за многумина идентитетот „актив“ е синоним за мажественоста, односно да се биде „вистински маж“.

 

На пример, голем дел од стрејт пријателите се шегуваат со мене велејќи, „Човеку, да бев јас геј, сигурно ќе бев актив.“ Тие мислат дека единствено затоа што се „актив“ со жените, би биле актив и со мажите. Очигледно, овде повеќе се работи за родот отколку било што друго. Патријархатот диктира дека мажот е тој што пенетрира, фалусот итн. Во овој контекст, „пасивците“ се „послаби“, „феминизирани“, или „жена“ затоа што го примаат фалусот. Следствено, кога еден стрејт мажи размислува за својот замислен живот како геј маж, автоматски претпоставува дека би бил актив. Но душо, ти велам не е вистина. Верувај ми.

 

Како и да е, геј мажите исто така веруваат во ова. Активците во геј светот се сметаат за идеални мажи, не само заради она што го прават во спалната, но заради она што претставуваат за општеството: „вистински маж“. Тоа значи дека треба малку да поработиме на себе-презирањето.

 

Но, да продолжиме и да ги разгледаме активците од поинаков аспект: ХИВ/СИДА.

 

ХИВ вирусот има вртоглава историја во рамките на ЛГБТ заедницата. Акронимот „ХИВ“ е кратеница од „human immunodeficiency virus”, и претставува хронична состојба која може да предизвика СИДА. ХИВ се пренесува преку четири течности: крв, мајчино млеко, вагинален секрет и сперма. Во поглед на пренесувањето, за едниот партнер да се стекне со ХИВ, другиот партнер треба да го носи вирусот во тој момент и да го/ја изложи на ХИВ преку една од овие течности кои го пренесуваат во крвотокот. Најчесто, ова се случува преку секс или употреба на дрога.

 

Кога зборуваме за тоа како се стекнува ХИВ, аналниот секс се смета за најризичната форма на секс, не затоа што биологијата е хомофобична, но затоа што ректумот полесно се пробива, со што вирусот веднаш навлегува во крвотокот. Така, рецептивниот партнер (читај: пасивот) се изложува на висок ризик доколку не се користи кондом кој би создал бариера.

 

Знаете кој не е изложен на висок ризик? Активниот партнер.

 

Во 1999 година, позната студија во издание на Одделот за епидемиологија и биостатистика на Универзитетот во Сан Франциско – Калифорнија посочи на големо разидување во статистиката меѓу активните и пасивните во поглед на стекнувањето со ХИВ. Според студијата, доколку сексуалниот партнер е актив и е ХИВ-позитивен, додека рецептивниот партнер е ХИВ-негативен, кај вториот партнер постои ризик од 1 на 122 од пренесување на инфекција. Во спротивен случај, доколку пасивниот партнер е ХИВ-позитивен, а активниот е ХИВ-негативен, ризикот од пренос станува 1 на 1.666.

 

Овој заклучок е сѐ уште контроверзен во научно-истражувачката заедница за ХИВ/СИДА, но како резултат на овие и други наоди се појави концептот на „серо-адаптивно“ однесување како форма за намалување на штетата меѓу голем број на групи, особено геј мажите. На кратко, „серо-адаптивно“ се однесува на промената на видот на секс кој го практикуваме со цел да се промени степенот на ризик од стекнување на ХИВ со кој се соочуваме. На пример, доколку немате кондом, а едниот партнер не бил тестиран од ХИВ подолго време, но другиот бил и е ХИВ-негативен, во тој случај ХИВ-негативниот партнер би бил актив, со што се намалува ризикот, според гореспоменатата студија.

 

Секако, постои ризик без разлика на сексуалната улога што ќе ја преземете, затоа немојте да помислите, „Значи ќе станам активен и сѐ ќе биде во ред!“ Не е вистина. Освен ХИВ/СИДА постојат други сексуално преносливи заболувања кои се пренесуваат при активна сексуална улога, така што размислете.
Луѓето не можат да го контролираат начинот на кој нивното тело е создадено, ниту пак она што нѐ прави поподложни на ХИВ/СИДА, така што фразата „топ привилегија“ би била малку неправедна, но на некој начин е соодветна и отвора разговор за ХИВ/СИДА, потребен во нашата заедница.

 

Значи, дали топ привилегијата постои? Не сум сигурен. Се чини дека употребата на овој поим всушност се однесува на подлабоки теми поврзани со родот, моќта и желбата, работи кои го надминуваат сексот или нашите Grindr профили и заслужуваат поголемо внимание и анализа отколку грубо обележување на употребата на пенисот како привилегија.

 

Сепак, она што ќе остане како топ привилегија, особено кај геј мажите, е лутата пиперка. Активните партнери сѐ уште смеат да јадат лута пиперка пред секс, и тоа е привилегија. Огромна.

 

Извор: Huffington Post