Резултати од анкетата во рамките на прокетот „Етничка и родова вклученост во ЛГБТИ движењето во Република Македонија“

Резултати од анкетата во рамките на прокетот „Етничка и родова вклученост во ЛГБТИ движењето во Република Македонија“

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје ги објави резлутатите од анкетата спроведена во рамки на проектот „Етничка и родова вклученост во ЛГБТИ движењето во Република Македонија“.

 

Анкетата опфатила сто и четириесет ЛГБТИ лица во Македонија и била спроведена од страна на истражувачкиот тим на ИОХН-С во соработка со ЛГБТИ Центарот за поддршка.

 

Според ИОХН-С, целта на анкетата е да се види ставот на поголем број ЛГБТИ лица во однос на клучните проблеми и предизвици на заедницата, а пак целта на проектот е да се промени социјалниот и законскиот статус на ЛГБТИ заедницата со развивање на јавната свест во Република Македонија за правата на ЛГБТИ луѓето и потребата за нивна поголема социјална инклузија.

 

На прашањето „Дали како ЛГБТИ лице сте се почувствувале дискриминирани?“, 93.1 процент од испитаниците одговориле со „да“, а 6.9 проценти со „не“.

 

На прашањето „Од кого сте почувствувале најголема дискриминација?“, 25,9 проценти од испитаниците одговориле со „пријатели и познаници“, 19.5 проценти со „најблиските (семејство, роднини)“, 18.2 проценти со „соседи“, 10.4 проценти со „колеги“, 13 проценти „од самите ЛГБТИ луѓе“, 5.2 проценти од „сите наведени“, 2.6 проценти од „други“, а 5.2 процнети со „од никого“.

 

На прашањето „Од кого добивате најголема поддршка надвор од ЛГБТИ заедницата?“, 27.1 проценти одговориле со „најблиските (семејство, роднини)“, 47.1 проценти одговориле со „пријатели и познаници“, 2.3 проценти одговориле со „организации и лица од сфера на културата“, 22.3 проценти одговориле со „НВО (за заштита на правата на ЛГБТИ)“, а 1.2 проценти со „сите наведени (освен МТСП)“.

 

На прашањето „На кој начин би се подобрил односот кон ЛГБТИ лицата?“, 9.7 проценти одговориле „со подобрување на економската состојба“, 21.5 проценти одговориле
„со средување на правната регулатива“, 31.2 проценти одговориле со „подигнување на свесноста на околината за ЛГБТИ“, 32.2 проценти одговориле со „реформи во образованието“, а 5.4. проценти одговориле со „сите наведени“.

 

На прашањето „Кое од наведените човекови права сметате дека е најзначајно да се обезбеди за ЛГБТИ лицата во РМ?“. Одговорите на испитаниците биле „закон за антидискриминација“ со 43.4, проценти, „право на истополов брак и семејство“ со 17.1 проценти, „соцјално и здравствено осигурување“ со 22.4 проценти, „заштита од мобинг“ со 7.9 проценти и „сите наведени“ со 9. 2 проценти.

На прашањето „Дали ни е потребна геј парада?“, 32.8 проценти од испитаниците одговориле со „да“, 60.3 проценти со „не“, а 6.9 проценти со „не знам“.

 

На прашањето „Како би се зголемила видливоста на ЛГБТИ лицата во јавноста?“, 12.5 од испитаницте одговориле со „coming out пред пошироката околина“, 30.6 проценти со „отворање повеќе центри за промоција на правата на ЛГБТИ“, 6.9 проценти со „отворање геј клубови и други неформални собиралишта“, а 19.4 со „сите наведени“.

На прашањето „Како би се зајакнала самата ЛГБТИ заедница, користејќи ги сопствените потенцијали?“, 29. 3 проценти од испитаниците одговориле со „поголемо здружување“, 15.5 проценти со „поголема присутност во јавната сфера (кампањи, дебати, акции, парада)“, 1.7 проценти со „окупирање на медиумскиот простор“, 46. 6 проценти со „не знам“, 3.5 проценти со „со аутирање (coming out)“, а 1.7 проценти со „доволно е јака, не треба повеќе“.

 

На прашањето „Која е најдискриминираната група во ЛГБТИ заедницата?“, 19.1 од испитанците одговриле со „геј“, 4.4 проценти со „бисексуалци“, 47.1 проценти со „трансродови лица“, 4.4. проценти со „сите“, 19.1 проценти со „не знам“, 4.4 проценти со „интерсексуалци“, а 1.5 проценти со „лезбејки“.

 

Улогата на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е формирање и поддршка на тим на претставници од заедницата и нивните активности како и нивно вклучување во тренското истражување. Истражувањето се состои од повеќе методи- усна историја, фокус групи, прашалници и анализа на законите во земјата и документи поврзани со ЛГБТИ движењето во Македонија, како и компаративна анализа на податоците со законите во ЕУ и регионот. Задачата на Институтот е да ги овозоможи формите на ЛГБТИ активизам базиран на потребите на лезбејките и трансродовите лица од различни етнички заедници.

 

Извор: ИОХН-С