Марушиќ: Зошто Македонија е толку селективна во ловењето дрога?

Марушиќ: Зошто Македонија е толку селективна во ловењето дрога?

Во колумната објавена на Балкан Инсајд, авторот Синиша Јаков Марушиќ покрена битни прашања во врска со селективниот пристап на македонското Минстерство за внатрешни работи кога станува збор за неговата борба против дрогата. Во продолжение се наоѓа дел од оваа колумна, а целиот текст можете да ја прочитате овде.

 

„Апсењето на познатиот актер поради одгледување марихуана ги поттикна прашањата зошто македонската полиција се интерсира за едни дроги повеќе од други.

 

Во изминатите шест месеци македонската полиција го следела Кирил Поп Христов, познат во јавноста како Кили, пред да изврши претрес во неговата викендица во близината на Скопје кадешто пронашла мала, но внимателно оддржувана лабараторија за марихуана.

 

По неговото апсење мината недела, на екцентричниот актер, познат по неговата јавна поддршка за легализација на марихуанта, судијата му одредил притвор во траење од триесет дена.

 

Во педантно планираното апсење, со јасни назнаки дека постоело намера да генерира насловни страни, полицијата објави видео метеријал од лабароторијата на која е прикажан Кили во своите папучи како стои мирно во моментот кога полицијата му ја снима куќата.

 

Во исто така педантно формулираниот полициски извештај се вели дека Кили и неговиот брат Мио, ги набавиле семињата од марихуана од Холандија пред да ги посадат во нивиот двор.

 

Во соопштението се објавени иницијалите на актерот за да изгледа како да полицијата го почитувала приципот на заштита на приватноста и презумпција на невиност, иако тие се прекршени со објавувањето на видео снимката.

 

Овој случај ги поставува прашањата за тоа дали марихуаната е единствена дрога во Македонија за која полицијата е навистина загрижена, бидејќи не можам да се сетам на големи запленувања од страна на македонската полиција на кокаин, хероин или метамефетамин.

 

Наместо тоа, постојано слушаме случаи во кој полицијата уапсила некои минорни дилери на канабис или по некој корисник. Токму ваквите случаи стигаат до насловните страни.

 

Можам да се сетам на еден таков случај. Верувам дека беше минатото лето кога полицијата гордо најави дека уасиле два странски државјани кои пушеле трева на плажата Градиште на Охридското езеро. Тешка среќа, бидејќи на оваа плажа веројатно можете да изброите повеќе догорчиња од џоинти, отколку што има каменчиња.

 

Но, ретко слушаме било што за големите дилери во Македонија.

 

Во земјата полесно ќе поминете доколку се добро облечен/а и воспитан/а млад/а син или ќерка на локален политичар или бизнисмен.

 

Во мејнстрим медиумите не се појави слична фама кога минатиот мај за поседување на кокаин и екстази од страна на грчката полиција беше уапсен Филип Вељановски, двесет годишниот син на собранискиот спикер Трајко Вењановски. Повеќето медиуми ги игнорираа или минимизираа вестите од Грција.

 

За време на судењето во Грција, адвокатот на Вељановски, Јаковос Псомиадис, твредше дека дрогата била за лична употреба.

 

Немам причина да се сомневам во тоа. Но, се сомневам во изјавата на Минситерката за внатрешни работи дека никој не е над законот“.