25 Aug Американска црква избркала мајка оти си ја поддржала својата геј ќерка
Постарите членови на Црквата на Исус од Чатануга, Тенеси ја избркаа мајката која јавно ја поддржа својата геј ќерка.
На приватен состанок од страна на локалната црква на Линда Купер и било кажано дека поддршката која таа ја дала на својата геј ќерка Кер Купер била во спротивност со учењата на црквата и дека таа треба јавно да се покае или да се повлече од црквата.
Кет Купер, која работи како детектив во Колиџдејлската полиција, се бори за здравствени бенефици за својата партнерка. Нејзината мајка Линда јавно ја поддржала и оттогаш започнал конфликот со црквата.
Кет Купер за локалните медиуми изјавила дека црквата ги протерува членовите поради тоа што тие безусловно си ги сакаат своите деца.
Портпаролот на црквата, Кен Вилијамс исто така за локалните медиуми изјавил: „Да се поддржува таков начин на живот претставува грев. Библијата е многу јасна за овие теми.“ Тој додал и дека црквата редовно бара од различен тип на нејзини членови да се покајат за своите гревови.
Од црквата сооштиле дека поради тоа што семјството давало безрезервна поддршка на еден негов член, таа немала друг избор освен да реагира.
Сојузната американска држава Тенеси нема закон за заштита од дискриминација на ЛГБТ луѓето. На трансродовите луѓе не им е дозволено да си го менуваат полот на своите изводи од матичната книга од родените, а на геј паровите им е забрането да се венчаат.
Извор: Pink news