Стигна единаесетиот број на S-WORK

Стигна единаесетиот број на S-WORK

СТАР-СТАР го објави единаесетиот број на магазинот S-WORK кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете од линкот подолу во текстот.

 

Во овој број можете да прочитате:

 

СЕКСУАЛНАТА РАБОТА БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРА

Јоханесбург – Зошто мислиме дека е прифатливо да им кажуваме на возрасните луѓе што да прават со своите тела? Мислам дека е одлично тоа што Комисијата за род на Јужна Африка ја поддржува декриминализацијата на сексуалната работа…

 

 

ПАПАТА ФРАНЦИС: ,, КОЈ СУМ ЈАС ДА ИМ СУДАМ НА ГЕЈ ЛУЃЕТО?“

Со изјавта дека не бил во позиција да им суди на геј луѓето денеска, Папата Фрацис ги збуни ЛГБТ луѓето ширум светот. Лидерот на Католичката црква рече дека нема да им суди на свештените лица за нивната сексуална ориентација, со што направи огромен контраст во однос на неговите претходници….

 

 

НЕХУМАНОСТА КОН СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВА

Сексуална работничка од Мелбурн, Австралија била брутално убиена во нејзиното комбе минатата недела. За да биде иронијата поголема, Трејси Конели била убиена еден ден по одржувањето на глобалната кампања на здружени алијанси за поддршка на сексуалните работници и за кревање на гласот против насилство на сексуалните работници…

 

ЗДРАВИ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ

Сексуалните работници често се обвинуваат за ширење на ХИВ/СИДА.

Сепак, постојат факти кои го кажуваат спротивното…

 

 

БИЛБОРД КОЈ ПОВИКУВА НА НЕВЕРСТВО

Сајтот за запознавање “Ashley Madison” е наменет исклучиво за оние кои веќе се во врска, но сакаат и „нешто на страна”. „Животот е краток. Доживејте афера” е слоганот на сајтот на кој се запознаваат „зафатени луѓе” кои договараат состаноци. Меѓу другото на овој сајт свои профили имаат и доста сексуaлни работници…

 

 

САДИЗАМ И МАЗОХИЗАМ

Садизмот претставува доживување сексуално задоволство или гратификација при нанесување на болка и страдање на друга личност. Во медицинската класификација, сместен е во групата на парафилии. Потеклото на зборот е изведено според французинот Маркиз Де Сад, плодотворен писател на садистички новели…

 

Овој број на S-WORK можете да го преземете овде.