09 Aug Ерменија сака да ја забрани промоцијата на геј и лезбејски сексуални врски
Ерменската полиција предложи забрана на промоција на „нетрадиционални сексуални врски“ на територијата на оваа јужнокавказска држава. Предложените амандмани на ерменскиот прекршочен закон кои Геј Стар Њуз ги виде минатата недела беа поставени на веб сајтот на ерменската национална полиција.
Полицијата го подготвила предложениот член 47.7 за административниот прекршочен закон со кој ерменските граѓани, правни лица и функционери ќе бидат казнувани со казни до четири илјади евра за промоција на таканаречени „нетрадиционални сексуални врски“.
Ерменија ја декриминализираше хомосексуалноста во 2003, а до тогаш во сила беше забраната на сексот помеѓу двајца мажи според советските закони од 1936-та. Но, ставовите кон ЛГБТ лицата во Ерменија се влошуваат со серијата напади врз геј барови од страна на екстремно-десничарски групи кои се случија во мај минатата година. Оваа земја е првата која ја потпиша Декларацијата за сексуална ориентација и родов индентитет на Обединетите Нации во 2008-та.
Врските на ЛГБТ Ермениците не се правно признаени, тие не можат да посвојуваат и немаат правна заштита од дискриминација.
Овој потег на Ерменија да ја забрани промоцијата на „нетрадиционалните врски“ следи по случувањата во Русија каде што владата ја забрани таканаречената „хомсексуална пропаганда“,. Исто така во Литванија постоеше можост да се забрани јавната дискусија за хомосексуалноста, но владата го блокираше предложениот закон.
Американскиот ток-шоу водител Џеј Лено неодамна ја спореди ситуацијата на геј луѓето во Русија со онаа на Евреите во почетоците на нацистичка Германија.
Извор: Gay star news