Пред неполни два милениума Христијанската црква спроведувала истополови венчавки

Пред неполни два милениума Христијанската црква спроведувала истополови венчавки

Книгата на Џон Босфел за потеклото на еднаквоста помеѓу браковите ќе биде објавена за првпат во дигитален формат и во неа се тврди дека пред неполни два милениума Хрстијанската црква спроведувала истополoви венчавки.

 

Во книгата, со наслов „Истополовите заедници во предмодерна Европа“, се разгледува потeклото на истополовите зеедници пред модерната ера. Книгата за првпат била објавена во 1994-та.

 

За работата на Босвел, кој е професор на Јејл и посветен Католички верник, Анали Њувиц вели: „Постојат дузина записи за црковни церемонии во кои двајца мажи стапиле во заедница при кои биле спроведувани исти ритуали како и при хетеросексуалните венчавки. Но, тој не пронашол записи за лезбејски заедници, што се должи на културните одлики на запишување на детали само од животите на мажите“.

 

Босвел тврди дека не постојат докази за бракови помеѓу жени, и дека сите истополови вечавки биле помеѓу мажи.

 

Истополовите бракови, како што вели Њувиц, не се вклопуваат во модерната дефиниција на баркот поради табуата за хомосексуланоста кои се конструкција на модерното општество.

 

Босвел наведува многу случаи во кои двајца мажи стапиле во истополов брак, а кои биле осветени од Христијанската црква.

 

Извор: http://www.pinknews.co.uk