25 Jul На лезбејски пар од Бангладеш му се заканува доживотна затворска казна
На еден лезјебски пар од Бангладеш му се заканува доживотна затворска казна поради тоа што двојката се „венчала“ во тајност.
Шибронти Рој Пуџа, шеснаесет годишна хинду девојка, и Санџида Актер, дваесет и едно годишна муслиманка, биле уапсени во Дака на 23-ти Јули.
Минатата недела двете девојки побегнале од Пироџпур областа, каде што и двете живееле, во главниот град на Бангладеш.
Според локалните медиуми, Актер и била тутор на Пуџа. Но неодамна тие сфатиле дека се секаат и одлучиле да се венчаат.
На 20-ти јули, таткото на Пуџа пријавил дека неговата ќерка исчезнала.
Кога парот бил пронајден од полицијата, Пуџа изјавила; „Доколку еден маж може да се заљуби во жена, зошто да не може да се случи жена да се заљуби во друга жена?“
Таа изјавила дека се венчале според Хинду законите, меѓусебно разменувајќи венци со цвеќе.
Полицаецот кој работел на случајот го опишал како „многу редок пример во земјата“.
Истополовите врски, без разлика дали се работи за сексуални или какви било други, се нелегални во Бангладеш. Според казнениот закон која било личност која има „противприроден“ сексуален однос се казнува со доживотна затворска казна или со десетгодишна принудна работа и парична казна.
Извор: Gay star news