Насилство на првата парада на гордоста во Црна Гора

Насилство на првата парада на гордоста во Црна Гора

(Ројтерс) – Полицијата денеска се судри со анти-геј демонстрантите во Црна Гора при обидот да се попречи оддржувањето на правата парада на гордоста во оваа конзервативна балканска земја која е во преговори за прием во Европската Унија.

 

Во крајбрежниот град Будва, околу двесте демонстранти фрлаа камења, шишиња и факели врз полицајците кои ги држеа одделени од четириесете учесници на парадата кои носеа маици со боите на виножитото кои претставуваат симбол на движењето за геј правата.

 

Демонстрантите скандираа „Убијте ги педерите“ и носеа транспаренти „Само здрава Црна Гора“, извести репортерот на Ројтерс од самото место на настанот.

 

Парадите на гордоста сега рутински се оддржуваат во соседната јадранска земја Хрватска која овој месец и се придружи на Европската Унија но истополовите права се се уште неостварени во конзервативните патријархални општества во поголемиот дел од Балканот.

 

Во Србија, која беше во федерален сојуз со Црна Гора до 2006-та, минатиот октомври полицијата ја забрани парадата на гордоста поради стравот од напади од десничарските и ултра-националистичките групи, откако поглаварот на Српската православна црква го прогласи настанот за „парада на срамот“.

 

За време на оддржувањето на парадата на гордоста во 2011-та, во судирите на демонстрантите со полцијата во Србија беа повредени и уапсени десетици лица.

 

Црна Гора, која е планинска земја со околу 680 000 жители, минатата година ги започна преговорите за прием во ЕУ со надеж дека ќе биде следната земја која ќе биде примена во Унијата по Хрватска.

 

Пред да и се приклучи на Унијата, земјата ќе мора да покаже подготвеност да ги заштити човековите права и затоа владата усвои закон со кој се забранува секаков вид на полова дискриминација.

 

Меѓутоа две третини од Црногорците кои учествуваа во скорешно истражување изјавиле дека хомосексуалноста претставува болест, а осумдесет проценти рекле дека тоа е приватна работа.

 
Извор: http://uk.reuters.com