22 Jul Молдавија во тајност усвои хомофобичен закон за „антипропаганда“
Нов закон за „анти-пропаганда“, сличен на оној кој неодамна усвоен во Русија, беше усвоен во Молдавија надвор од вниманието на јавноста, а стапи на сила на 12-ти јули. Политичарите во земјата особено избегнуваа секаква јавна дебата во врска со законот.
Молдавскиот закон забранува „дистрибуција на јавни информации … кои имаат цел да пропагираат проституција, педофилија, порнографија или кој било други информации освен оние поврзани со бракот и семејството.“
Законот предвидува казни од осум ијлади леи (околу петстотини евра) и можна суспензија на активностите во траење од три месеци до една година.
Некарактеристично за Молдавија, усвојувањето на законот не пројде преку јавна консултација, а граѓанското општество не беше информирано за дискусиите.
Слични закони постојат и во Русија (на федерално ниво, но и во десет региони), Литванија, а за нив се дебатира и во Украина.
Минатиот месец Европската Комисија за Правна Демократија објасни дека „законите за анти-пропаганда“ одат во спротивност на Европската Конвенција за Човекови Права, која исто така ја опфаќа и Молдавија. Во мај 2012-та, Европскиот Парламент посебно и порача на Молдавија да не усвојува таков закон.
Моника Маковеи, европска парламетарка и ко-претседавач на Парламентарниот Комитет за соработка помеѓу ЕУ и Молдавија реагираше: „Несреќно е што Молдавија усвои закон кој содржи хомофобични членови, а особено затоа што тоа го направи во тајност. Се надевам дека молдавското судство ќе го укине законот што ќе биде во согласност со молдавските меѓународни обврски поврзани со човековите права и Европскиот Чартер за Основните Права.
Марије Корнелисен, европска парламентарка и членка на ЛГБТ Интергрупата, додаде: „Ова не е Молдавија која јас ја познавам која знае да биде толаратна и прафатлива, Неодамна владата направи прогрес со укинувањето на слични закони со цел да биде во согласност со стандардите на човекови права. Се надевам дека и овој закон ќе биде укинат. Доколку тоа не се случи тоа ќе фрли голема сенка врз процесот на визна либерализација на Модавија со ЕУ.“
Извор: www.lgbt-ep.eu