18 Jul Петиција: Стоп на анти-ЛГБТИ нападите!
На 12 јули 2013 година, два дена по писмото од Human Rights Watch испратено до премиерот Никола Груевски на 10 јули 2013, се огласи и Amnesty International со повик за итна акција поради ескалацијата на анти-ЛГБТИ нападите во Македонија.
Истиот ден, 12 јули 2013, непосредно пред полноќ се случи второто каменување на домот на Петар Стојковиќ, актер и активист за човекови права. На 14 јули 2013, Хелсиншкиот комитет за човекови на права и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ одржаа прес-конференција пред МВР од каде ги повикаа премиерот, министрите и сите релевантни политички чинители да застанат во одбрана на човековите права на ЛГБТИ популацијата и да спроведат брза и ефективна истрага за пронаоѓање на насилниците и нивно изведување пред лицето на правдата.
Според препораката на Amnesty International редакцијата на Сакам.инфо изготви петиција која ќе биде отворена за потпишување до 23 август 2013. Со потпишувањето на петицијата автоматски се испраќа порака од ваше име до електронските пошти на премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за правда Блерим Беџети.
Важна напомена: По потпишувањето не заборавајте да ја проверите вашата е-пошта изадолжително да го потврдите вашиот потпис. Доколку не сте ја добиле нашата порака во вашето влезно сандаче, проверете дали истата случајно завршила во Junk/Spam папката од вашата е-пошта. Доколку потписот не биде потврден, пораките до државните функционери нема да бидат испратени. Ова е дел од анти-спам заштитата.
Пораката ги повикува Министерката за внатрешни работи да стави крај на климата на неказнивост на хомофобичните насилства признавајќи ги и јавно осудувајќи ги овие злосторства, да овозможи да бидат спроведени целосни, темелни и итни истраги на нападите кое се случија во јуни и јули и на претходните напади врз животите и сопственоста на ЛГБТ луѓето и организациите, а оние кое се одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата; Премиерот и другите министри да додадат амандмани во законот за антидисриминација со кои сексуалната ориентација и родовиот идентитет ќе бидат наведени како посебни основи за дискриминација; и сите министри без одложување и во констулатација со ЛГБТИ организациите да воведат закон со кој ќе се забранат злосторствата мотивирани од омраза, посебно оние кои се основаат на сексуална ориентација и родов идентитет, како и етничка припадност, раса, род и останати основи за дискриминацијата признаени според меѓународни стандарди.
Се надеваме дека ќе ни се приклучите во оваа иницијатива. Апелираме да ја споделите со вашите пријатели на социјалните мрежи и да ги повикате да се вклучат во акцијата.
Потпишете ја петцијата овде http://kolumni.sakam.info/