Протест против насилството и убиствата врз сексуалните работници – IN MEMORIAM Јасмин и Дора

Протест против насилството и убиствата врз сексуалните работници – IN MEMORIAM Јасмин и Дора

ICRSE , Меѓународниот комитет за права на сексуалните работници во Европа испрати повик до сите нејзини членови, организации, сексуални работници и сојузници да се сплотат заедно и да го кренат гласот против неодамнешните убиства на Јасмин и Дора, насилниот напад врз Ела, и против сите напади врз сексуланите работници насекаде низ светот.

 

Насилството врз сексуланите работници мора да престане.

 

Изминатава недела убиства и напади врз сексуални работници се случија во Турција и Шведска, но насилството е константно и три сексуални работници беа убиени во Италија од почетокот на годината, во Франција беше убиена една сексуална работничка.

 

Повикот е испратен до сите пријатели и подржувачи да протестираат против трансфобијата која резултира со убиства и насилство во Турција и во светот. Дора е транс сексуална работничка која беше убиена измината недела, Ела е исто така транс сексуална работничка во која беше пукано, незината рака веројатно нема да фунционира повторно, Дора е 31-та жртва на насилни и смртоносни напади од 2008 година во Турција.

 

Шведскиот модел и ги одзеде децата на Јасмин, за потоа  старателство да биде доделено на нејзиниот насилен екс-сопруг кој на крај ја уби Јасмин. Социјалните работници и Шведската држава одбиваше да ја сослуша Јасмин. Зошто да се слуша сексуална работничка која и самата таа незнае што е добро за неа ?! Тој криминален систем Јасмин го плати со нејзиниот живот.

 

Во секоја земја во Европа и низ светот, сексуалните работници се убивани. Бидејќи нивните животи се гледаат помалку вредни од другите. Тие не се рамноправни граѓани во своите општества, државите ги оправдуваат стигмата и дискриминацијата од која тие страдаат. Сексуалните работници сакаат да кажат НЕ на сите насилства кои тие ги трпат секојдневно! НЕ за замолчување на нивните гласови, НЕ за одземање на нивните деца ! НЕ за напади, силување и убиства !

 

Протестите ќе се случат во многу земји низ целиот свет во петок на 19 јули во 15:00 часот. Демонстрации, протести , акции пред турски, шведски, италијански амбасади или пред други симболични места и локации.

 

СТАР – СТАР организација која работи за застапување на правата на сексуалните работници, ќе се приклучи на овој настан со организарање на протест во Скопје истовремено со останатите европски метрополи.

 

Прземено од Star sex work