13 Jul Грција повторно воведува присилно ХИВ тестирање
Новиот грчки министер за здравство, Адонис Георгиадис, повторно ја воведе контроверзната мерка со која на полицијата и’ се дозволува да ги приведува грчките граѓани и да ги присили да направат ХИВ тестирање.
Според грчкиот медиум Енет, минатата недела Георгиадис повторно го воведе „Декретот за јавно здравство 39А“ со кој се воведуваат мерки како задолжително тестирање за хепатит, ХИВ и други сексуално преносливи инфекции и заразни болести што претстсавува една од неговите први одлуки откога е на фунција како министер за здравство.
Здравствените организации тврдат дека со декретот се стигматизираат корисниците на дрога и сексуалните работници, а особено имигрантите кои немаат документи. Во нивното соопштение се вели дека кој било станар во живеалиште кое „може да предизвика опасност по јавното здравје“ треба да биде исселено од својот дом без никаква алтернатива.
Оваа мерка беше за првпат воведена во април 2012 од страна на социјалистичкиот министер за здравство Андреас Ловердос кратко пред парламентарните избори и резултираше со апсење и присилно тестирање на стотици жени.
На седумнаесетте жени кои беа ХИВ позитивни во медиумите им беа објавени имињата, личните детали и фотографии со образложение дека се работи за заштита на јавното здравје.
Жентите, кои беа индетификувани како „проститутки“ (иако не постоел доказ дека биле инволвирани во сексуална работа) и обвинети дека биле „здравствени бомби“, биле задржани со месеци се додека не биле ослободени од обвинението за „намерна телесна повдреда“.
Преостанатите пет беа ослободени минатиот март. Кратко време по овој случај, мерката била повлечена.
Под притисок.
Во Грција целиот јавен здравствен систем е под огромен притисок поради мерките за штедење.
Во Шпанија, владата правно го оневозможи пристапот кон здравствена нега за имигрантите без документи.
Во исто време на групите кои пред кризата веќе се соочуваа со ранливост, како мигрантите без документи, азилнатите, корисниците на дрога, сексуалните работници, сиромашните и луѓе и бездомниците им беа пресечени мрежите за социјална безбедност.
Шпанија и Грција не се единствените земји во кои се врши притисок врз социјалните бенефиции.
Во Велика Британија, премиерот Дејвид Камерон вети нови мерки за зауздување на пристапот на мигрантите до здравствена заштита, домување и социјални бенефиции во времето на растечките повици за спречување на „социјалниот туризам“ во земјата.
Стапката на заразените лица со ХИВ во 2011-та во Грција порасна за повеќе од двесте проценти поради зголемената злоупотреба на дрога помеѓу невработената младина во исто време во кое се намалуваат буџетите за превенција на ХИВ.
Буџетот на центрите за третман од дрога Окана беше намален за дваесет милиони во 2012-та од триесет и пет милиони во 2010-та.
Денеска невработеноста во Грција е над дваесет проценти и многу Грци за прв пат во своите животи се соочуваат со екстремна сиромаштија.
Се зголемува бројот на бездомниците кои се собираат на централите плоштади во градовите во земјата.
Прекршувања на човековите права
Повторното воведување на декретот беше дочекано со критики и осудување од страна на здравствените организации.
Организацијата „Кампања за солидарност со Грција“ со седиште во Лондон соопшти дека одлуката на минстерот за здравство претставува шокантен развој.
„Јасно е дека оваа одлука се основа на таргетирање на оние кои се веќе маргинализирани и кои страдаат од резлутатите на катострофалните мерки за штедење кои ги спорведува грчката влада“ – се вели во соопштението на организацијата.
Хуманитарната организација „Доктори на светот“ соошти дека наместо да се борат со причините за болестите, сиромаштијата и зависноста, министерот за здравство ги прекршува основните човекови права и човечкото достоинство криејќи се зад флоскулата „заштита на заедницата од заразни болести“. „Доктори на светот“ ја советува грчката влада да се фокусира на поголемите проблеми на јавното здравство, какви што се унверзалното право на децата на имунизација и потребата ова право да се имплементира што претставува нешто што владата повеќе не може да го гарантира. Исто така ги повикуваме сите здравтвени професионалци да одбијат да спроведуват присилно тестирање“- се вели во соопштението.
„Доктори на светот“ ќе продолжи да нуди помош, медицински третман и социјална поддршка на сите луѓе на кои им е потребна здравствена заштита. – „Ќе продолжиме да се бориме на истата страна на која се наоѓаат најранливите популации и да ги браниме човековите права секогаш кога тие се прекршени.“
Позиции:
Граѓанските организации се згрозени. Организацијата „ХОМОфонија- Солун прајд“ соопшти: „Јавното здравство не се штити преку казнувањето на луѓето коишто се ХИВ позитивни, туку преку имплеметацијата на интегрирани програми против ХИВ/СИДА, преку воведувањето на сексуално образование во училиштата и редовни јавни кампањи.“
Извор: http://www.euractiv.com/health/greece-reintroduces-forced-hiv-t-news-529255