03 Jul Русија: Прведени четири активисти за геј права поради неодобрен протест
Минатиот вторник московската градска полиција приведе четири активисти за геј права поради учество на неодобрен протест во централното подрачје на градот.
Тројица од активистите лежеле во локви вештачка крв со лицата свртени накај земјата, а врз нивните грбови имале поставено фотографии од жртви на вистинско хомофобично насилство.
Четвртиот активист стоел во близини држејќи транспарент на кој имало испишано слогани против неодамна усвоената забрана за „хомсоексуалната пропаганда“.
Одделот за односи со јавноста на московската полиција и соопштил на руската агенција РИА Новости дека четирите мажи биле приведени по протестот пред административната зграда на рускиот претседател.
Протестирањето во Москва без дозвола на градското собрание е забрането доколку во времето на протестот учествува повеќе од еден учесник.
Мината сабота во Рускиот град Санкт Петерсбург беа уапсени околу четириесет демонстранти за геј права по обидот да одржат геј прајд протест на кој беа нападнати од преку двесте националисти.
Минатата сабота, пак, горниот дом на рускиот парламент гласаше во полза на закон со кој се забранува руските деца да бидат посвојувани од страна на истополови двојки и закон за национална „антипропаганда“ со кој се забранува промовирањето на „нетрадиционални“ врски во присуство на малолетници.
Минатиот месец руската Дума, или долниот дом на рускиот парламент, со 443 гласови „за“ и нула „против“, едногласно ја одобри работната верзија на законот за посвојување како и амандманиот поврзан со рускиот закон за семејства.
Со законот, кој беше потпишан од страна на рускиот претседател Владимир Путин, се забранува странски истополови двојки од земјите во кои истополовиот брак е легален да посвојуваат руски деца.
Извор: Pink news