Недела на гордоста во Скопје

Недела на гордоста во Скопје

.

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и ЛГБТ Јунајтед во соработка со ЛГБТИ центарот за поддршка и ЛезФем имаат чест да ви ја најават Неделата на гордоста која ќе се случува од 22. 06. до 27. 06. 2013 година. Неделата на гордоста ја организираме како симболично одбележување на Stonewall бунтот и на 27 јуни како интернационален ден на гордоста на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродните луѓе.

 

Неделата на гордоста вклучува неколку настани, дебати и филмски проекции поврзани со различни прашања кои ги тангираат ЛГБТ луѓето во Македонија.

 

22 јуни, сабота

18.00 ч, ЛГБТИ Центар за поддршка (Стара Чаршија)

 

Проекција на кратки видеа за транс луѓето во Македонија и дискусија на тема: Здравствени права на транс лицата

 

24 јуни, понеделник

13.30 ч, Хотел Арка

 

Дискусија со претставници на Парламентот, институции и граѓански здруженија на тема: Дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

 

25 јуни, вторник

18.00ч, ГЕМ клуб

 

Проекција на филмот: Како да ја преживееш чумата и дискусија на тема: Загуба, гнев и активизам

 

26 јуни, среда

18.00ч, ГЕМ Клуб

 

Лезбејска семејна вечер

Проекција на филмот Не ти е животот хавајска песна и дискусија на тема: Лезбејките, семејството  и пријателите

 

27 јуни, четврток

Завршна забава

 

Настаните се поддржани од проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено Општество Македонија.

 

*Програмата се` уште не е финализирана. Организаторот ги задржува правата да ја менува програмата. За евентуалните промени ќе бидете навремено известени.