Russia: Schoolboy Joins Attack on Gay Protester in Moscow

Russia: Schoolboy Joins Attack on Gay Protester in Moscow

Преку дваесет актвисти за геј права беа приведени за време на протестите против законот за криминализација на ширењето на хомосексулана „пропаганда“ во Русија.

 

Учесниците на протестот против законот се судрија со христијанските активисти пред руската Дума во Москва по спроведувањето на „протестот со бакнување“.

 

Со законот се предвидуваат парични или построги казни при учеството во „пропагирање на нетрадиционалите сексуални ориентации“ помеѓу малолетници.

 

„Ширењето на информации помеѓу деца со цел на формирање на нетрадиционално сексуално однесување, сугерирањето дека таквото однесување е привлечно и давањето погрешни изјави за општествено еднаквата природа на традиционалните и нетрадиционалните интимни врски“ може да биде санкционирано со затворска казна.

 

Со законот, кој е поддржан од Кремлин, исто така ќе се забранат геј протестите и ќе стане прекшок да се тврди дека интимните истополни врски се еднакви со „традиционалните“, односно хетеросексуалните.

 

Геј активситите на протестот беа во значително помал број од подржувачите на законот кои во група од двеста до триста луѓе пееја православни молитви и скандира „Русија не е Содома“.

 

Сергеј Железњак, законодавец од вледачката партија „Обединета Русија“, изјави: „Русија е земја со традиционални вредности во која деведесет проценти од населението ја подджуваат забраната на хомосексуланата пропаганда дисеминирана помеѓу малолетници“.

 

Парламентарката Велена Мизулина додаде: „Традиционалните сексуални врски се врските помеѓу маж и жена и претставуваат услов за оддржувањето и развојот на мултиетничкиот руски народ. Токму овие врски треба да бидат заштитени од страна на државата“.

 

Законот се очекува да биде усвоен од страна на долниот дом на парламентот и покрај критиките дека ќе предизвика хомофобични насилство и дека ги занемарува основите слободи на граѓаните.

 

„И онака постои голем притисок и насислтво врз геј луѓето и со овој закон тоа едноставно ќе продолжи, а веројатно ситуацијата ќе стане и потешка. Јас можеби не сум геј, но дојдов за да се борам за моето право и правото на другите луѓе да ја љубат личноста кои самите ја одбрале“ – за Ројтерс изјави осумнаесет годишната Викторија Алјасова.

 

Активистите велат дека насилството врз хомосексуалците е зачесетено откако претседателот Владимир Путин се врати на власт.

 

Руските власти соопштија дека убиствата на две лица кои се случија пред неколку недели биле со хомофобични мотиви.

 

Новиот закон се толкува како дел од напорите да се промовираат руски традиционални вредности наспроти западниот либерализам кој Кремлин и Руската Православна Црква го сметаат за корпумпирачки за руската младина и како допринос за протестите против режимот на Путин.

 

Доколку како што се очекува Думата го усвои законот по неговото трето читање, тој ќе биде пратен во сенатот пред да биде потпишан од страна на Путин. Првото читање беше усвоено минатиот јануари со триста и деведсет гласови „за“ наспроти еден „против“.

 

Извор: ИБТ Тајмс