09 Jun Протест – нема ценкање со женските права
Утре во 11 часот е закажана пленарната седница на Собранието на Република Македонија. На утрешната седница на дневен ред е ставен и предлог законот за прекинување на бременоста.
Министерот за здравство, Никола Тодоров како овластен предлагач, по расправите во собраниските комисии, направи измени во текстот на предлог законот. Но, и со овие измени Министерот само ги ИЗМАНИПУЛИРА повторно жените, стручнатата јавност и граѓанскиот сектор.
Едистнственото нешто кое беше тргнато од законот е информирањето набрачниот другар. Но, во законот останаа задолжителното поднесување на барање, чија форма ја одредува Министерот за здравсто, задолжителното советување и задолжителното чекање од три дена.
Утре во 11 часот сите оние кои не дозволуваат Министерот и Собранието да се ценкаат со женските права да дојдат пред Собранието да го искажаат својот протест кон оваа недемократска постапка.
На овој протест ги повикуваме и сите медиуми, за да им се престават измените на законот, како и следните чекори кои што ќе бидат превземени, доколку овој закон сепак биде изгласан.