Преку еден милион луѓе на прајдот во Сао Паоло

Преку еден милион луѓе на прајдот во Сао Паоло

Минатата недела преку еден милион луѓе присуствуваа на геј прајдот во Сао Паоло. Годинешниот настан преставува најголем прајд во светот кој се одржа во најголемиот град во Бразил.

 

Учесниците на мрашот маршираа под огромно знаме и носеа пароли со слогани како: „Никогаш повеќе назад во шкафот“.

 

„Мораме да направиме промена во уставот, така што сите ќе станеме граѓани кои имаат еднакви права“- рече министерката за клутура Марта Суплиси во говорот одржан за време на маршот.

 

Геј прајд парадата во Сао Паоло се одржува уште од 1997-та година и бројот на неговите посетители постојано расте. Пред шест години воената полиција престана да објавува официјални бројки кога бројката на посетители достигна до два и пол милиони.

 

Во 2011-та, бројот на посетителите на прајдот во најголемиот град на јужната полутопка изнесуваше четири милиони, соопштија организаторите.

 

Помалата посетеност на овогодишниот настан се должи на лошото време кое за овој период е невообичаено ладно и врнежливо.

 

„Парадата не претставува карлневал кој е надвор од сезоната, Тоа е движење за масовна видливост на заедницата која секојдневно страда од предрасуди, дискриминација, насилство, омраза и нетолеранција“- изјави Фернандо Кварасма, претседателот на Асоцијацијата на ЛГБТ прајд парадата во Сао Паоло.

 

Во декември минатата година Сао Паоло стана првата држава во Бразил која ефикасно го легализира истополовиот брак.