31 May Барање за повлекување на предлог – законот за прекинување на бременоста
Во текот на вчерашниот ден беа доставени барања до собраниските комисии за здравство и законодовно-правната комисија, како и до Министерствотот за здравство.
Овие барање беа потпишани од 72 граѓански организации, групи и институции, како и од 26 поединци.
Во ова барање се наведува дека Предлог-законот е неприфатлив, дека нема потреба од негово изгласување и дека не треба понатаму да се разгледува од Собранието на Република Македонија. Покрај тоа потписниците на барањето упатуваат на тоа дека обидот да се носи законот по скратена постапка е недемократски.
Во прилог може да ги преземете писмата до: законодавна – правна комисиja, комисија за здравство и до Министерот за здравство.