Прес конференеција: Растечка хомофобија во Македонија

Прес конференеција: Растечка хомофобија во Македонија

ЛГБТИ Центарот за поддршка, ЛГБТ Јунајтед, Коалицијата „Здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници и ХЕРА, ве повикуваат на прес конференција по повод Меѓународниот ден за борба против хомофобија и трансфобија.

 

Прес конференцијата ќе се одржи во петок (17-ти мај) во ГЕМ клубот со почеток во 12 часот.

 

Претставниците на организациите ќе се обрата во врска со моменталните состојби во нашата земја кои се поврзани со правата на ЛГБТИ заедницата и со растечката хомофобија.

 

Ги покануваме сите новинари, камермани и фоторепортери да го проследат овој настан.

 

Со почит,

ЛГБТИ центар за поддршка, ЛГБТ Јунајтед Македонија, Коалиција „Здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници“ и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување