„Хомофобија- не! Социјализам- да!“ – скандираа стотици Кубанци на про-геј марш

„Хомофобија- не! Социјализам- да!“ – скандираа стотици Кубанци на про-геј марш

Минатиот викенд внуката на Фидел Кастро предводеше група од стотици кубанци на марш на кој се промовираа геј правата во Куба.

 

Мажена мајка на три деца и ќерка на сегашниот кубански лидер, Мариела Кастро, беше предводник на маршот во кубанскиот главен град Хавана на кој учесниците скандираа „Хомофобија- не! Социјализам- да!“ во кампања против хомофобијата финасирана од страна на државата.

 

Неодамна Мариела Кастро ја заврши глобалната турнеја на која таа прими награда за застапување за правата на ЛГБТ популацијата во Куба.

 

Во 2005-та Кастро, во улога на директор на кубанскиот Национален центар за сексуално образование, се заложи за закон со кој кубанската влада се обврзува да ги покрие трошоците за хирушките операции и хормонална терапија за возрасните лица кои сакаат да го променат својот пол.

 

Таа создаде кампања за безбеден секс која вклучуваше дистрибуција на кондоми и литература за безбеден секс на карибскиот остров кој има најниска преваленца на ХИВ/СИДА во двете Америки.

 

Ал Џезеира извести дека Кастро изјавиле дека е оптимист дека комунистичката партија ќе ги легализира истополовите бракови.

 

Кастро изјави: „Она што е најкомплицирано е времето кое е потребно за да ги надминеме нашите предрасуди. Мораме да ја смениме нашата свест“.