Британски стрејт тинејџери започнаа кампања за подршка на нивните геј врсници

Британски стрејт тинејџери започнаа кампања за подршка на нивните геј врсници

Двајца британски стрејт тинејџери на кои им е доста од дискриминацијата и булиингот на нивните геј пријатели започнаа кампања за поддршка на ЛГБТ тинејџерите.

 

Нејтан и Рос, двајца петнесет годишни тинејџери од Мерсејсајд, Англија, ги охрабруваат луѓето да „дадат заклетва“ за поддршка на младите геј луѓе и ЛГБТ заедницата.

 

Веб кампањата ги повикува подржувачите да го преземат урнекот на кој има простор за нивното име и параграф во кој треба да напишат зошто ги поддржуваат геј правата.

 

Од учесниците се бара да направат фотографија од себе си држејќи ја довршената „заклетва“ и да ја закачат на веб сјатот на кампањата Skelat.com.

 

Двјацата стрејт тинеџери, кои сакаат да бидат познати само по нивните имиња, рекоа дека одлучиле да направат самофинасирана кампања за поддршка на заедницата затоа што лично се увериле дека постои зголемување на бројот на случаите на хомофобија и трансфобија.

 

Кампањата вклучува блогови, корисни совети, секции за споделување на информации и различни инцијативи за собирање средства за подршка на други добротворни организации.

 

Според неодамнешен извештај на британската ЛГБТ организација Стоунвол, преку педесет и пет насто од младите геј, лезбејки и бисексуалнци искусиле малтретирање на училиште.

 

Кога бил прашан што го испирирало да го направи овој ЛГБТ проект, Нејтан одговорил:

„Луѓето морат да кажат дека им е доста од дисриминацијата, тоа е нешто што денеска го гледеме пречесто. Без разлика дали тоа се случува на работото место, на игралиштата или дури и на социјалните мрежи, тоа мора да престане. Луѓето би требало да бидат ценети само по нивниот карактер. „Дадете заклетва“ е создадена за да на луѓето им се даде можност да го споделат нивното мислење и поддршката на заедницата на видлив и потикнувачки начин“.

 

Зборувајќи со преставници на Геј Стар Њуз, Роб МекДовол, раководителот на шкотската ЛГБТ организација „ЛГБТ Нетворк“, изјавил: „Неприфатливо е во 2013-та што хомофобичниот и трансфобичниот булиинг се уште им ги отежнува животите на милиони млади луѓе ширум светот. Треба да направиме повеќе за да го истакнеме овој проблем и активистите на „ЛГБТ Нетворк“ се горди што ја поддржуваат кампањата Skelat.com. Со оваа кампања им се овозможува да ја афримираат својата поддршка на ЛГБТ заедницата на многу личен и визуелен начин. Навистина е инспиративно што двајца хетеросексуални тинејџери на овој начин ја покажуваат својата посветеност кон еднаквоста“.