Историско унапредување на ЛГБТ правата во Албанија

Историско унапредување на ЛГБТ правата во Албанија

Албанските организации Алеанка ЛГБТ и Про ЛГБТ ги поздравија промените на кривичниот закон од страна на Албанскиот парламент со кои Албанија стана една од земјите во регионот со најнапредна легислатива со која се заштитува ЛГБТ популацијата.

 

Оваа одлука е од големо значење затоа што ги вклучуваа злосторствата мотивирани од омраза поврзани со сексуалната ориентација и родовиот идентитет на идивидуите или социјалните групи.

 

Со промената на кривичниот закон на Албанија, кој потекнува од 1995-та, се менува делот од законот со додавањето на повисока казнивост доколку кривичното дело се основа на род, раса, боја, етничка припадност, јазик, родов индетитет, сексуална ориентација, политички ставови, верски или филозофски убедувања, здравствен статус, генетски предиспозиции или попреченост.

 

Доколку кривичното дело е направено врз основа на споменатите категории, тогаш последиците ќе бидат потешки и сторителот ќе биде построго казнет. Дури и во случаи во кои сторителот се нашол во олеснителни околности, доколку крвичното дело се основа на овие категории, тој нема да има можност од намалување на казната, туку таа ќе биде построга.

 

Втората промена, кое претставува вистинска револуција во Албанија, се состои во вклучувањето на злосторства врз ЛГБТ заедницата сторени преку информатичките технологии.

 

Членот 119, овозможува додавање на ново кривично дело на листата на злостроства која се состои во дистрибуција на расистички, хомофобични и ксенофобични материјали дистрибуирани преку средствата за комуникација и информатичката технологија.

 

За ваквииот вид на прекршок законот предвидува затвроска казна во траење до две години.

 

Накратко, во случај на намерна дисеминација на хомофобични материјали преку Интернет, без разлика дали се работи за веб страница, социјални мрежи како фејсбук и т.н.) ќе се смета за крвично дело кое ќе се казнува со затворска казна во трање до две години.

 

По овој повод, албанскиот народен правобранител Игли Тотозани изјави: „Усвојувањето на амандманите против хомофобијата претставува револуција во албанската легислатива“.

 

„Соработката помеѓу народниот правобранител, ЛГБТ организациите, граѓанското општество и министерството за правда, овозможи Албанија да се најде на врвот во регионот по овие прашања“, рече Тотозани и додаде: „се ноаѓаме на патот кон пораведно европско општество. Ова претставува многу битен придонес за поголемата заштита на човечкото достоинство и за поотворена и европска Албанија“.